Return to Video

Шломо Бенарци: Штедењето за утре, започнува утре

  • 0:00 - 0:03
    Денес ќе зборувам како да заштедите повеќе,
  • 0:03 - 0:06
    но не денес, туку утре.
  • 0:06 - 0:08
    Ќе зборувам за Заштедете Повеќе Утре.
  • 0:08 - 0:10
    Тоа е програма која Ричард Телер
  • 0:10 - 0:12
    од Универзитетот на Чикаго и јас
  • 0:12 - 0:15
    ја развивме пред 15 години.
  • 0:15 - 0:17
    Програмата, всушност,
  • 0:17 - 0:19
    е пример за однесување кон финансии
  • 0:19 - 0:21
    на стероиди,
  • 0:21 - 0:24
    како би можеле да го искористиме однесувањето кон финансиите.
  • 0:24 - 0:27
    Сега се прашувате: Што е однесување кон финансиите?
  • 0:27 - 0:30
    Ајде да размислиме за тоа како раководиме со нашите пари.
  • 0:30 - 0:33
    Да започнеме со хипотеките.
  • 0:33 - 0:35
    Тоа е прилично актуелна тема,
  • 0:35 - 0:37
    барем во САД.
  • 0:37 - 0:39
    Многумина ги купуваат
  • 0:39 - 0:42
    најголемите куќи кои може да си ги дозволат,
  • 0:42 - 0:45
    или малку поголеми од тоа.
  • 0:45 - 0:48
    А потоа ги препродаваат.
  • 0:48 - 0:50
    И потоа ги обвинуваат банките
  • 0:50 - 0:53
    дека се лошите момци кои им ја издале хипотеката.
  • 0:53 - 0:55
    Да размислиме за
  • 0:55 - 0:57
    тоа како раководиме со ризиците,
  • 0:57 - 0:59
    на пример, при инвестирање во берза на акции.
  • 0:59 - 1:02
    Пред две, пред три години, пред околу четири години,
  • 1:02 - 1:04
    берзите добро се движеа..
  • 1:04 - 1:07
    Ние, нели тогаш ризикувавме.
  • 1:07 - 1:09
    Потоа акциите на берза започнаа да паѓаат
  • 1:09 - 1:11
    и си велевме: "Леле.
  • 1:11 - 1:14
    Овие загуби, ги прифаќаме емотивно,
  • 1:14 - 1:17
    тие се многу поразлични
  • 1:17 - 1:20
    од она што реално го очекувавме
  • 1:20 - 1:22
    кога берзите одеа нагоре".
  • 1:22 - 1:25
    Значи не постапуваме баш најдобро
  • 1:25 - 1:27
    кога се работи за преземање на ризик.
  • 1:27 - 1:30
    Колкумина од вас имаат iPhone?
  • 1:30 - 1:33
    Било кој? Одлично.
  • 1:33 - 1:36
    Би се кладел дека повеќето од вас
  • 1:36 - 1:39
    сте го осигурале вашиот iPhone,
  • 1:39 - 1:42
    дополнително плаќате за осигурување преку продолжена гаранција.
  • 1:42 - 1:44
    Што доколку го изгубите вашиот iPhone?
  • 1:44 - 1:46
    Што доколку ви се случи тоа?
  • 1:46 - 1:48
    Колкумина од вас имаат деца?
  • 1:48 - 1:50
    Некој?
  • 1:50 - 1:52
    Држете ги рацете горе
  • 1:52 - 1:55
    доколку имате целосно животно осигурување.
  • 1:55 - 1:57
    Гледам многу од рацете се спуштија.
  • 1:57 - 1:59
    Би предвидел,
  • 1:59 - 2:01
    доколку сте репрезентативен примерок,
  • 2:01 - 2:03
    дека повеќето од вас
  • 2:03 - 2:06
    го осигурале својот iPhone а помалку својот живот,
  • 2:06 - 2:08
    дури и доколку имате деца.
  • 2:08 - 2:11
    Не постапуваме баш најмудро кога се работи за осигурување.
  • 2:11 - 2:15
    Просечното американско домаќинство
  • 2:15 - 2:18
    троши илјада долари годишно
  • 2:18 - 2:20
    на лотарии.
  • 2:20 - 2:23
    И знам дека звучи лудо.
  • 2:23 - 2:26
    Колкумина од вас трошат илјадници долари годишно на лотарии?
  • 2:26 - 2:28
    Ниту еден.
  • 2:28 - 2:31
    Тоа ни кажува дека луѓето кои не се во оваа сала
  • 2:31 - 2:33
    трошат повеќе од илјада долари
  • 2:33 - 2:36
    за да се постигне просекот од илјада.
  • 2:36 - 2:38
    Луѓето со ниски приходи
  • 2:38 - 2:42
    трошат повеќе од илјада долари на лотарии.
  • 2:42 - 2:44
    Каде нè води сето тоа?
  • 2:44 - 2:47
    Не раководиме најдобро со нашите пари.
  • 2:47 - 2:50
    Однесувањето кон финансиите претставува комбинација
  • 2:50 - 2:52
    од психологија и економика,
  • 2:52 - 2:54
    која се обидува да ги разбере
  • 2:54 - 2:56
    грешките кои луѓето ги прават со парите.
  • 2:56 - 2:58
    Јас и понатаму ќе стојам овде
  • 2:58 - 3:02
    и во преостанатите 12 минути и 53 секунди
  • 3:02 - 3:04
    ќе правам шеги на различни начини
  • 3:04 - 3:06
    како ги менаџираме парите,
  • 3:06 - 3:09
    и на крајот ќе прашате: "Како можеме да им помогнеме на луѓето?"
  • 3:09 - 3:12
    Тоа е она на што сакам да се фокусирам денес.
  • 3:12 - 3:14
    Како ги разбираме
  • 3:14 - 3:17
    грешките кои луѓето ги прават со парите,
  • 3:17 - 3:20
    и потоа да го насочиме нашето однесување
  • 3:20 - 3:22
    кон решение?
  • 3:22 - 3:24
    Она за што ќе зборувам денес
  • 3:24 - 3:26
    е Заштедете Повеќе Утре.
  • 3:26 - 3:28
    Сакам да го потенцирам проблемот
  • 3:28 - 3:30
    со штедење.
  • 3:30 - 3:32
    На екранот имаме
  • 3:32 - 3:34
    репрезентативен примерок
  • 3:34 - 3:36
    на 100 Американци.
  • 3:36 - 3:39
    И ќе го разгледаме нивното однесување кон штедењето.
  • 3:39 - 3:41
    Првата работа која треба да се забележи е,
  • 3:41 - 3:43
    дека половината од нив
  • 3:43 - 3:45
    дури и немаат избрано
  • 3:45 - 3:47
    своја 401(к) пензиска шема.
  • 3:47 - 3:50
    Тие не можат туку така да заштедат.
  • 3:50 - 3:53
    Не можат да си дозволат дел од парите од платата
  • 3:53 - 3:55
    да одат за 401(к) пензија
  • 3:55 - 3:57
    пред да ги видат,
  • 3:57 - 3:59
    пред да ги допрат парите.
  • 3:59 - 4:02
    Што е со преостанатата половина од луѓето?
  • 4:02 - 4:05
    Дел од нив избираат да не штедат.
  • 4:05 - 4:07
    Тие едноставно се мрзливи.
  • 4:07 - 4:10
    Тие никогаш не одвоиле време да се регистрираат на сложениот веб сајт
  • 4:10 - 4:13
    и да направат 17 кликови за да се приклучат на 401(к) пензиска шема.
  • 4:13 - 4:15
    И потоа треба да одлучат како ќе инвестираат
  • 4:15 - 4:17
    од вкупно 52 различни начини,
  • 4:17 - 4:21
    а никогаш претходно не слушнале за фонд за акции.
  • 4:21 - 4:23
    Тие се вознемируваат и едноставно се откажуваат.
  • 4:23 - 4:28
    Колкумина од луѓето имаат 401(к) пензиска шема?
  • 4:28 - 4:31
    Една третина од Американците.
  • 4:31 - 4:33
    Две третини воопшто не штедат денес.
  • 4:33 - 4:35
    Дали тие заштедуваат доволно?
  • 4:35 - 4:37
    Да ги тргнеме оние
  • 4:37 - 4:39
    кои велат дека заштедуваат премалку.
  • 4:39 - 4:41
    Еден од вкупно десет
  • 4:41 - 4:44
    заштедува доволно.
  • 4:44 - 4:46
    Девет од вкупно десет
  • 4:46 - 4:49
    или не можат да штедат преку 401(к) пензиска шема,
  • 4:49 - 4:52
    одлучуваат да не штедат - или не одлучуваат,
  • 4:52 - 4:55
    или заштедуваат премалку.
  • 4:55 - 4:57
    Мислиме дека имаме проблем
  • 4:57 - 4:59
    со луѓе кои штедат премногу.
  • 4:59 - 5:01
    Да го погледнеме ова.
  • 5:01 - 5:03
    Имаме едно лице,
  • 5:03 - 5:06
    всушност ќе го пресечеме на половина
  • 5:06 - 5:09
    бидејќи е помал од еден процент.
  • 5:09 - 5:12
    Грубо, половина процент од Американците
  • 5:12 - 5:17
    мислат дека заштедуваат премногу.
  • 5:17 - 5:19
    Што ќе правиме со ова?
  • 5:19 - 5:21
    На тоа сакам да се фокусирам.
  • 5:21 - 5:23
    Потребно е да разбереме
  • 5:23 - 5:25
    зошто луѓето не штедат,
  • 5:25 - 5:27
    и само потоа ќе можеме да ги трансформираме
  • 5:27 - 5:29
    предизвиците во однесувањето
  • 5:29 - 5:31
    во решенија,
  • 5:31 - 5:34
    а потоа да видиме колку тоа може да биде моќно.
  • 5:34 - 5:36
    Ќе одвојам неколку секунди
  • 5:36 - 5:38
    за да ги идентификувам проблемите,
  • 5:38 - 5:41
    предизвиците во однесувањето,
  • 5:41 - 5:43
    кои ги спречуваат луѓето да штедат.
  • 5:43 - 5:47
    Ќе дадам еден пример во кој ќе зборувам за банани и чоколадо.
  • 5:47 - 5:50
    Да претпоставиме дека имаме уште еден TED настан идната седмица.
  • 5:50 - 5:52
    И за време на паузата
  • 5:52 - 5:54
    ќе има мала закуска
  • 5:54 - 5:56
    и би можеле да изберете помеѓу банани и чоколадо.
  • 5:56 - 5:59
    Колкумина од вас мислат дека би избрале банана
  • 5:59 - 6:01
    за време на замислениот TED настан идната седмица?
  • 6:01 - 6:03
    Кој би избрал банани?
  • 6:03 - 6:05
    Одлично.
  • 6:05 - 6:07
    Можам научно да предвидам
  • 6:07 - 6:10
    дека 74% од Вас ќе изберат банани.
  • 6:10 - 6:14
    Тоа една одлична студија го има предвидено.
  • 6:15 - 6:18
    А потоа бројте ги деновите
  • 6:18 - 6:22
    и погледнете луѓето што ќе изберат за јадење.
  • 6:23 - 6:26
    Истите луѓе кои изјавиле дека
  • 6:26 - 6:28
    ќе јадат банани
  • 6:28 - 6:30
    завршуваат јадејќи чоколади
  • 6:30 - 6:32
    една седмица подоцна.
  • 6:32 - 6:34
    Самоконтролата
  • 6:34 - 6:37
    не е проблем за во иднина.
  • 6:37 - 6:39
    Таа е проблем во моментот
  • 6:39 - 6:43
    кога чоколадото е веднаш до нас.
  • 6:43 - 6:46
    Каква врска има времето и штедењето,
  • 6:46 - 6:49
    со неспособноста да се одложи задоволството?
  • 6:49 - 6:53
    Или како што некои економисти го нарекуваат, тековна тенденција.
  • 6:53 - 6:55
    Размислуваме за штедење. Знаеме дека би требало да штедиме.
  • 6:55 - 6:58
    Знаеме дека ќе штедиме идната година, но денес дајте да трошиме.
  • 6:58 - 7:00
    Кога се наближува Божик,
  • 7:00 - 7:03
    би можеле да купиме подароци за сите блиски.
  • 7:03 - 7:07
    Така проблемот со тековна тенденција
  • 7:07 - 7:09
    нè тера да размислуваме за штедење,
  • 7:09 - 7:11
    но завршуваме трошејќи.
  • 7:11 - 7:13
    Да ви кажам
  • 7:13 - 7:15
    за една друга пречка што го оневозможува штедењето
  • 7:15 - 7:17
    која е поврзана со инертноста.
  • 7:17 - 7:19
    Но повторно, мало застранување
  • 7:19 - 7:22
    на тема донирање органи.
  • 7:22 - 7:25
    Извонредна студија која споредува две земји.
  • 7:25 - 7:28
    Ќе разгледаме две слични земји,
  • 7:28 - 7:31
    Германија и Австрија.
  • 7:31 - 7:33
    Во Германија,
  • 7:33 - 7:35
    доколку сакате да донирате органи,
  • 7:35 - 7:37
    не дај боже, доколку нешто многу лошо
  • 7:37 - 7:39
    ви се случи,
  • 7:39 - 7:42
    откако ќе земете возачка дозвола или лична карта,
  • 7:42 - 7:44
    вие го пополнувате полето кое вели:
  • 7:44 - 7:46
    "Би сакал да ги донирам моите органи".
  • 7:46 - 7:48
    Многумина не сакаат пополнување полиња.
  • 7:48 - 7:50
    Потребен е труд. Треба да мислите.
  • 7:50 - 7:53
    Дванаесет проценти размислуваат.
  • 7:53 - 7:56
    Австрија, соседна земја,
  • 7:56 - 7:58
    помалку слична, помалку различна.
  • 7:58 - 8:00
    Во што е разликата?
  • 8:00 - 8:02
    Па, сè уште имате избор.
  • 8:02 - 8:04
    Вие ќе одлучите
  • 8:04 - 8:07
    дали сакате да ги донирате органите или не.
  • 8:07 - 8:09
    Но кога ќе ја земете возачката дозвола,
  • 8:09 - 8:11
    го пополнувате полето
  • 8:11 - 8:15
    доколку не сакате да ги донирате вашите органи.
  • 8:15 - 8:17
    Никој не го пополнува полето.
  • 8:17 - 8:19
    Тоа е прилично голем напор.
  • 8:19 - 8:22
    Еден процент го пополнуваат полето. Преостанатите не прават ништо.
  • 8:22 - 8:24
    Правење ништо е многу чест случај.
  • 8:24 - 8:27
    Многу малку луѓе пополнуваат полиња.
  • 8:27 - 8:29
    Какво е влијанието на оваа мала разлика
  • 8:29 - 8:31
    врз спасувањето на животи
  • 8:31 - 8:34
    и постоењето на расположиви органи?
  • 8:34 - 8:36
    Во Германија, 12 проценти го пополнуваат полето.
  • 8:36 - 8:39
    Дванаесет проценти донираат органи.
  • 8:39 - 8:41
    Голем недостаток од органи,
  • 8:41 - 8:43
    не дај боже, доколку ви затреба некој.
  • 8:43 - 8:46
    Во Австрија, повторно, никој не го пополнува полето.
  • 8:46 - 8:49
    Затоа, 99% од луѓето
  • 8:49 - 8:51
    се донори на органи.
  • 8:51 - 8:53
    Инертност, недостиг од акција.
  • 8:53 - 8:55
    Која е основната поставка
  • 8:55 - 8:57
    доколку луѓето не прават ништо,
  • 8:57 - 9:00
    доколку тие и понатаму избегнуваат и не пополнуваат полиња?
  • 9:00 - 9:02
    Многу моќна.
  • 9:02 - 9:04
    Ќе зборуваме
  • 9:04 - 9:08
    за тоа што се случува кога луѓето се вознемирени и заплашени
  • 9:08 - 9:11
    за да изберат своја 401(к) пензиска шема.
  • 9:11 - 9:14
    Дали ќе им овозможиме автоматски да се приклучат на шемата,
  • 9:14 - 9:16
    или ќе ги оставиме надвор од неа?
  • 9:16 - 9:19
    Во голем број од 401(к) пензиските шеми,
  • 9:19 - 9:21
    доколку луѓето не преземат ништо,
  • 9:21 - 9:24
    тоа значи дека тие нема да штедат за пензија,
  • 9:24 - 9:26
    доколку не го пополнат полето.
  • 9:26 - 9:29
    А пополнувањето на полето бара труд.
  • 9:29 - 9:32
    Спомнавме неколку предизвици во однесувањето.
  • 9:32 - 9:35
    Уште една работа пред предизвиците да ги претвориме во решенија,
  • 9:35 - 9:37
    која е поврзана со мајмуни и јаболка.
  • 9:37 - 9:39
    Не, не, ова е вистинска студија
  • 9:39 - 9:43
    и таа кажува многу за економиката на однесување.
  • 9:43 - 9:46
    Една група на мајмуни добива едно јаболко. Тие се прилично задоволни.
  • 9:46 - 9:48
    Другата група добива две јаболка, а едното им се одзема.
  • 9:48 - 9:50
    Тие сè уште имаат едно јаболко.
  • 9:50 - 9:53
    Тие побеснуваат.
  • 9:53 - 9:56
    Зошто ни ги одзедовте нашето јаболко?
  • 9:56 - 9:59
    Ова е страв од загуба.
  • 9:59 - 10:01
    Ние мразиме да губиме работи,
  • 10:01 - 10:04
    дури и кога тоа не значи голем ризик.
  • 10:04 - 10:07
    Не би сакале да отидете до банкоматот,
  • 10:07 - 10:09
    да извадите 100 долари
  • 10:09 - 10:11
    и да забележите дека ви недостасува една банкнота од 20 долари.
  • 10:11 - 10:13
    Многу боли,
  • 10:13 - 10:15
    иако истото скоро ништо не ви значи.
  • 10:15 - 10:19
    Овие 20 долари би можеле да бидат еден краток ручек.
  • 10:19 - 10:23
    Стравувањето од загуба
  • 10:23 - 10:26
    исто така се јавува кога се работи и за штедењето,
  • 10:26 - 10:28
    бидејќи многумина, ментално
  • 10:28 - 10:31
    и емотивно и интуитивно
  • 10:31 - 10:33
    го сфаќаат штедењето како загуба
  • 10:33 - 10:36
    бидејќи треба да кратат од трошењето.
  • 10:36 - 10:38
    Ги спомнавме
  • 10:38 - 10:40
    сите видови на предизвици во однесувањето
  • 10:40 - 10:44
    кои се поврзани со штедењето.
  • 10:44 - 10:47
    Без оглед дали размислувате за итно задоволување,
  • 10:47 - 10:50
    и за чоколадите наспроти бананите,
  • 10:50 - 10:53
    едноставно преболно е да штедите сега.
  • 10:53 - 10:55
    Многу позабавно е
  • 10:55 - 10:57
    да трошите денес.
  • 10:57 - 11:00
    Зборувавме за инертноста и донирањето органи
  • 11:00 - 11:02
    и пополнувањето на полето.
  • 11:02 - 11:04
    Доколку луѓето мораат да пополнуваат многу полиња
  • 11:04 - 11:06
    за да се приклучат на 401(к) пензиска шема,
  • 11:06 - 11:08
    тие ќе продолжат да го избегнуваат
  • 11:08 - 11:10
    и нема да се приклучат.
  • 11:10 - 11:12
    И на крајот зборувавме за стравот од загуба,
  • 11:12 - 11:14
    и за мајмуните и јаболката.
  • 11:14 - 11:17
    Сè додека луѓето ментално го сфаќаат
  • 11:17 - 11:20
    штедењето за пензија како загуба,
  • 11:20 - 11:23
    тие нема да започнат да штедат за пензија.
  • 11:23 - 11:25
    Затоа ги имаме овие предизвици,
  • 11:25 - 11:27
    и она што Ричард Телер и мене
  • 11:27 - 11:29
    отсекогаш нè фасцинирало,
  • 11:29 - 11:31
    да се промени однесувањето кон финансиите,
  • 11:31 - 11:33
    однесувањето да се постави на стероиди
  • 11:33 - 11:35
    или однесување кон финансиите верзија 2.0
  • 11:35 - 11:37
    или да се примени однесувањето кон финансиите,
  • 11:37 - 11:41
    да се претворат предизвиците во решенија.
  • 11:41 - 11:44
    И дојдовме до засрамувачки едноставно решение
  • 11:44 - 11:48
    наречено Заштедете Повеќе, не денес, Утре.
  • 11:48 - 11:50
    Како тоа ќе ги реши предизвиците
  • 11:50 - 11:52
    за кои зборувавме?
  • 11:52 - 11:54
    Доколку се сетите на проблемот
  • 11:54 - 11:56
    со бананите наспроти чоколадите,
  • 11:56 - 11:59
    мислиме дека ќе јадеме банани идната седмица.
  • 11:59 - 12:02
    Мислиме дека ќе заштедиме повеќе идната година.
  • 12:02 - 12:05
    Заштедете Повеќе Утре
  • 12:05 - 12:07
    им нуди на вработените
  • 12:07 - 12:09
    да заштедат повеќе идната година,
  • 12:09 - 12:11
    некогаш во иднина
  • 12:11 - 12:13
    кога самите себе можеме да се замислиме
  • 12:13 - 12:15
    како јадеме банани,
  • 12:15 - 12:17
    волонтираме во општеството,
  • 12:17 - 12:21
    вежбаме повеќе и ги правиме сите добри работи на планетава.
  • 12:21 - 12:24
    Исто така зборувавме за пополнување на полиња
  • 12:24 - 12:27
    и за тоа колку е тешко да превземеш акција.
  • 12:27 - 12:29
    Заштедете Повеќе Утре
  • 12:29 - 12:31
    ова го олеснува.
  • 12:31 - 12:33
    Тоа е автопилот.
  • 12:33 - 12:37
    Штом ќе ми речете дека би сакале да заштедите повеќе во иднина,
  • 12:37 - 12:39
    да речеме секој Јануари
  • 12:39 - 12:42
    вие ќе започнете да штедите автоматски
  • 12:42 - 12:45
    и дел од вашата плата ќе оди во 401(к) пензиската шема
  • 12:45 - 12:47
    пред да го видите, пред да го допрете,
  • 12:47 - 12:49
    пред да го добиете чувството
  • 12:49 - 12:52
    за брзо задоволување.
  • 12:52 - 12:55
    Но што ќе правиме со мајмуните
  • 12:55 - 12:57
    и стравот од загуба?
  • 12:57 - 12:59
    Доаѓа следниот Јануари
  • 12:59 - 13:01
    и луѓето мислат дека колку повеќе штедат,
  • 13:01 - 13:04
    толку помалку имаат за трошење, а тоа е болно.
  • 13:05 - 13:07
    Можеби тоа не би требало да биде Јануари.
  • 13:07 - 13:10
    Можеби би требало луѓето да ги натераме да заштедат повеќе
  • 13:10 - 13:13
    кога ќе заработуваат повеќе пари.
  • 13:13 - 13:16
    На тој начин, кога заработуваат повеќе, кога имаат поголеми примања,
  • 13:16 - 13:20
    тие не треба да скратат од трошењето.
  • 13:20 - 13:22
    Земаат по малку
  • 13:22 - 13:24
    од зголемувањето на платата
  • 13:24 - 13:26
    и трошат повеќе,
  • 13:26 - 13:28
    земаат мал дел од зголемувањето
  • 13:28 - 13:30
    и го внесуваат во 401(к) пензиската шема.
  • 13:30 - 13:32
    Таква е програмата,
  • 13:32 - 13:34
    засрамувачки едноставна,
  • 13:34 - 13:36
    но како што ќе видиме,
  • 13:36 - 13:38
    неверојатно моќна.
  • 13:38 - 13:40
    Првпат ја воведовме,
  • 13:40 - 13:42
    Ричард Телер и јас,
  • 13:42 - 13:45
    уште во 1998 година.
  • 13:45 - 13:48
    Средно голема компанија во западниот дел,
  • 13:48 - 13:50
    најобични работници во фабрика,
  • 13:50 - 13:52
    кои мака мачат со плаќање на сметките
  • 13:52 - 13:54
    постојано повторуваа дека
  • 13:54 - 13:57
    не можат да заштедат повеќе.
  • 13:57 - 14:00
    Заштедувањето повеќе денес не е решение.
  • 14:00 - 14:02
    Им понудивме да штедат
  • 14:02 - 14:05
    три проценти повеќе
  • 14:05 - 14:08
    секој пат кога ќе добијат покачување.
  • 14:08 - 14:11
    И еве ги резултатите.
  • 14:11 - 14:13
    Овде гледаме три и пол годишен период,
  • 14:13 - 14:15
    четири покачувања на плата,
  • 14:15 - 14:17
    луѓе кои едвај одвојувале за заштеда,
  • 14:17 - 14:19
    кои заштедувале три проценти од својата плата,
  • 14:19 - 14:21
    три и пол години подоцна
  • 14:21 - 14:24
    заштедуваат скоро четири пати повеќе,
  • 14:24 - 14:27
    скоро 14 проценти.
  • 14:27 - 14:29
    Гледаме и чевли и велосипеди
  • 14:29 - 14:31
    и други работи на оваа слика
  • 14:31 - 14:33
    бидејќи не сакам туку така да нафрлам бројки
  • 14:33 - 14:35
    во вакуум простор.
  • 14:35 - 14:38
    Сакам да верувам во фактот
  • 14:38 - 14:40
    дека заштедувањето четири пати повеќе
  • 14:40 - 14:42
    е огромна разлика
  • 14:42 - 14:44
    од аспект на животниот стил
  • 14:44 - 14:46
    кој луѓето ќе можат да си го дозволат.
  • 14:46 - 14:48
    Реално е.
  • 14:48 - 14:51
    Не се само бројки на парче хартија.
  • 14:51 - 14:53
    Каде што со заштедувањето три проценти
  • 14:53 - 14:55
    луѓето можеле да си купат убави патики
  • 14:55 - 14:57
    за да можат да пешачат,
  • 14:57 - 15:01
    бидејќи не можат да си дозволат било што друго,
  • 15:01 - 15:03
    кога заштедуваат 14 проценти,
  • 15:03 - 15:06
    тие би можеле да си дозволат убави чевли
  • 15:06 - 15:09
    за да отидат и да се повозат со возилото.
  • 15:09 - 15:11
    Ова е значителна разлика.
  • 15:11 - 15:16
    Досега, околу 60 проценти од големите компании
  • 15:16 - 15:19
    всушност имаат применето вакви програми.
  • 15:19 - 15:22
    Тоа е дел од Актот за Пензионерска Заштита.
  • 15:22 - 15:24
    И непотребно е да спомнам дека Телер и јас
  • 15:24 - 15:27
    имавме среќа да бидеме дел од оваа програма
  • 15:27 - 15:29
    и да направиме нешто различно.
  • 15:29 - 15:31
    Дозволете ми да завршам
  • 15:31 - 15:34
    со две клучни пораки.
  • 15:34 - 15:37
    Едната е дека однесувањето кон финансиите
  • 15:37 - 15:40
    е екстремно моќно.
  • 15:40 - 15:43
    Ова е само еден пример.
  • 15:43 - 15:45
    Втората порака
  • 15:45 - 15:47
    е дека има уште многу да се направи.
  • 15:47 - 15:50
    Ова е само врвот на сантата мраз.
  • 15:50 - 15:53
    Доколку размислувте за луѓето и хипотеките
  • 15:53 - 15:56
    и купувањето куќи и потоа неможноста да ги исплаќаат,
  • 15:56 - 15:58
    потребно е сите да размислиме за ова.
  • 15:58 - 16:01
    Доколку размислувате за луѓето кои преземаат преголем ризик,
  • 16:01 - 16:04
    а не разбирате колкав ризик преземаат
  • 16:04 - 16:06
    или преземаат премал ризик,
  • 16:06 - 16:08
    потребно е сите да размислиме за тоа.
  • 16:08 - 16:11
    Доколку размислувате за луѓето кои трошат илјадници долари годишно
  • 16:11 - 16:13
    на лотарија,
  • 16:13 - 16:15
    потребно е сите да размислиме за тоа.
  • 16:15 - 16:17
    Просекот всушност,
  • 16:17 - 16:19
    рекордот е во Сингапур.
  • 16:19 - 16:21
    Едно просечно домаќинство
  • 16:21 - 16:24
    троши 4.000 долари годишно на лотарија.
  • 16:24 - 16:26
    Имаме многу што да направиме,
  • 16:26 - 16:28
    многу да решаваме,
  • 16:28 - 16:31
    исто и во областа на пензионирањето
  • 16:31 - 16:33
    кога станува збор за тоа што луѓето прават со парите
  • 16:33 - 16:35
    по пензионирањето.
  • 16:35 - 16:37
    Едно последно прашање:
  • 16:37 - 16:40
    Колкумина од вас се сигурни
  • 16:40 - 16:42
    дека пред да решите да се пензионирате
  • 16:42 - 16:45
    имате навистина издржан план
  • 16:45 - 16:47
    план кој кога ќе се пензионирате,
  • 16:47 - 16:50
    кога ќе ги прифатите бенефитите од Социјалното Осигурување,
  • 16:50 - 16:52
    ќе ви го овозможи посакуваниот живот,
  • 16:52 - 16:54
    посакуваната месечна потрошувачка
  • 16:54 - 16:56
    а без притоа да се грижите дека ќе останете без пари ?
  • 16:56 - 16:59
    Колкумина од вас веруваат дека имаат издржан план за во иднина,
  • 16:59 - 17:03
    план за после-пензионирањето.
  • 17:04 - 17:07
    Еден, два, три, четири.
  • 17:07 - 17:09
    Помалку од три проценти
  • 17:09 - 17:11
    од многу софистицирана публика.
  • 17:11 - 17:14
    Однесувањето кон финансиите има долго патешествие.
  • 17:14 - 17:16
    Постојат многу можности
  • 17:16 - 17:20
    за да го направите моќно повторно и повторно и повторно.
  • 17:20 - 17:22
    Ви благодарам.
  • 17:22 - 17:24
    (Аплауз)
Title:
Шломо Бенарци: Штедењето за утре, започнува утре
Speaker:
Shlomo Benartzi
Description:

Лесно е да си ветите дека ќе започнете да штедите од идната седмица, но што доколку треба да започнете денес? Вообичаено, сакаме веднаш да трошиме.Економистот Шломо Бенарци вели дека ова е една од најголемите пречки за да заштедите доволно за пензија. Тој прашува: Како овие предизвици во однесувањето да ги претвориме во решенија?

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:24
Dejan Spaseski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions