WEBVTT 00:00:00.000 --> 00:00:03.000 Денес ќе зборувам како да заштедите повеќе, 00:00:03.000 --> 00:00:06.000 но не денес, туку утре. 00:00:06.000 --> 00:00:08.000 Ќе зборувам за Заштедете Повеќе Утре. 00:00:08.000 --> 00:00:10.000 Тоа е програма која Ричард Телер 00:00:10.000 --> 00:00:12.000 од Универзитетот на Чикаго и јас 00:00:12.000 --> 00:00:15.000 ја развивме пред 15 години. 00:00:15.000 --> 00:00:17.000 Програмата, всушност, 00:00:17.000 --> 00:00:19.000 е пример за однесување кон финансии 00:00:19.000 --> 00:00:21.000 на стероиди, 00:00:21.000 --> 00:00:24.000 како би можеле да го искористиме однесувањето кон финансиите. 00:00:24.000 --> 00:00:27.000 Сега се прашувате: Што е однесување кон финансиите? 00:00:27.000 --> 00:00:30.000 Ајде да размислиме за тоа како раководиме со нашите пари. 00:00:30.000 --> 00:00:33.000 Да започнеме со хипотеките. 00:00:33.000 --> 00:00:35.000 Тоа е прилично актуелна тема, 00:00:35.000 --> 00:00:37.000 барем во САД. 00:00:37.000 --> 00:00:39.000 Многумина ги купуваат 00:00:39.000 --> 00:00:42.000 најголемите куќи кои може да си ги дозволат, 00:00:42.000 --> 00:00:45.000 или малку поголеми од тоа. 00:00:45.000 --> 00:00:48.000 А потоа ги препродаваат. 00:00:48.000 --> 00:00:50.000 И потоа ги обвинуваат банките 00:00:50.000 --> 00:00:53.000 дека се лошите момци кои им ја издале хипотеката. NOTE Paragraph 00:00:53.000 --> 00:00:55.000 Да размислиме за 00:00:55.000 --> 00:00:57.000 тоа како раководиме со ризиците, 00:00:57.000 --> 00:00:59.000 на пример, при инвестирање во берза на акции. 00:00:59.000 --> 00:01:02.000 Пред две, пред три години, пред околу четири години, 00:01:02.000 --> 00:01:04.000 берзите добро се движеа.. 00:01:04.000 --> 00:01:07.000 Ние, нели тогаш ризикувавме. 00:01:07.000 --> 00:01:09.000 Потоа акциите на берза започнаа да паѓаат 00:01:09.000 --> 00:01:11.000 и си велевме: "Леле. 00:01:11.000 --> 00:01:14.000 Овие загуби, ги прифаќаме емотивно, 00:01:14.000 --> 00:01:17.000 тие се многу поразлични 00:01:17.000 --> 00:01:20.000 од она што реално го очекувавме 00:01:20.000 --> 00:01:22.000 кога берзите одеа нагоре". 00:01:22.000 --> 00:01:25.000 Значи не постапуваме баш најдобро 00:01:25.000 --> 00:01:27.000 кога се работи за преземање на ризик. NOTE Paragraph 00:01:27.000 --> 00:01:30.000 Колкумина од вас имаат iPhone? 00:01:30.000 --> 00:01:33.000 Било кој? Одлично. 00:01:33.000 --> 00:01:36.000 Би се кладел дека повеќето од вас 00:01:36.000 --> 00:01:39.000 сте го осигурале вашиот iPhone, 00:01:39.000 --> 00:01:42.000 дополнително плаќате за осигурување преку продолжена гаранција. 00:01:42.000 --> 00:01:44.000 Што доколку го изгубите вашиот iPhone? 00:01:44.000 --> 00:01:46.000 Што доколку ви се случи тоа? 00:01:46.000 --> 00:01:48.000 Колкумина од вас имаат деца? 00:01:48.000 --> 00:01:50.000 Некој? 00:01:50.000 --> 00:01:52.000 Држете ги рацете горе 00:01:52.000 --> 00:01:55.000 доколку имате целосно животно осигурување. 00:01:55.000 --> 00:01:57.000 Гледам многу од рацете се спуштија. 00:01:57.000 --> 00:01:59.000 Би предвидел, 00:01:59.000 --> 00:02:01.000 доколку сте репрезентативен примерок, 00:02:01.000 --> 00:02:03.000 дека повеќето од вас 00:02:03.000 --> 00:02:06.000 го осигурале својот iPhone а помалку својот живот, 00:02:06.000 --> 00:02:08.000 дури и доколку имате деца. 00:02:08.000 --> 00:02:11.000 Не постапуваме баш најмудро кога се работи за осигурување. NOTE Paragraph 00:02:11.000 --> 00:02:15.000 Просечното американско домаќинство 00:02:15.000 --> 00:02:18.000 троши илјада долари годишно 00:02:18.000 --> 00:02:20.000 на лотарии. 00:02:20.000 --> 00:02:23.000 И знам дека звучи лудо. 00:02:23.000 --> 00:02:26.000 Колкумина од вас трошат илјадници долари годишно на лотарии? 00:02:26.000 --> 00:02:28.000 Ниту еден. 00:02:28.000 --> 00:02:31.000 Тоа ни кажува дека луѓето кои не се во оваа сала 00:02:31.000 --> 00:02:33.000 трошат повеќе од илјада долари 00:02:33.000 --> 00:02:36.000 за да се постигне просекот од илјада. 00:02:36.000 --> 00:02:38.000 Луѓето со ниски приходи 00:02:38.000 --> 00:02:42.000 трошат повеќе од илјада долари на лотарии. 00:02:42.000 --> 00:02:44.000 Каде нè води сето тоа? 00:02:44.000 --> 00:02:47.000 Не раководиме најдобро со нашите пари. NOTE Paragraph 00:02:47.000 --> 00:02:50.000 Однесувањето кон финансиите претставува комбинација 00:02:50.000 --> 00:02:52.000 од психологија и економика, 00:02:52.000 --> 00:02:54.000 која се обидува да ги разбере 00:02:54.000 --> 00:02:56.000 грешките кои луѓето ги прават со парите. 00:02:56.000 --> 00:02:58.000 Јас и понатаму ќе стојам овде 00:02:58.000 --> 00:03:02.000 и во преостанатите 12 минути и 53 секунди 00:03:02.000 --> 00:03:04.000 ќе правам шеги на различни начини 00:03:04.000 --> 00:03:06.000 како ги менаџираме парите, 00:03:06.000 --> 00:03:09.000 и на крајот ќе прашате: "Како можеме да им помогнеме на луѓето?" 00:03:09.000 --> 00:03:12.000 Тоа е она на што сакам да се фокусирам денес. 00:03:12.000 --> 00:03:14.000 Како ги разбираме 00:03:14.000 --> 00:03:17.000 грешките кои луѓето ги прават со парите, 00:03:17.000 --> 00:03:20.000 и потоа да го насочиме нашето однесување 00:03:20.000 --> 00:03:22.000 кон решение? 00:03:22.000 --> 00:03:24.000 Она за што ќе зборувам денес 00:03:24.000 --> 00:03:26.000 е Заштедете Повеќе Утре. NOTE Paragraph 00:03:26.000 --> 00:03:28.000 Сакам да го потенцирам проблемот 00:03:28.000 --> 00:03:30.000 со штедење. 00:03:30.000 --> 00:03:32.000 На екранот имаме 00:03:32.000 --> 00:03:34.000 репрезентативен примерок 00:03:34.000 --> 00:03:36.000 на 100 Американци. 00:03:36.000 --> 00:03:39.000 И ќе го разгледаме нивното однесување кон штедењето. 00:03:39.000 --> 00:03:41.000 Првата работа која треба да се забележи е, 00:03:41.000 --> 00:03:43.000 дека половината од нив 00:03:43.000 --> 00:03:45.000 дури и немаат избрано 00:03:45.000 --> 00:03:47.000 своја 401(к) пензиска шема. 00:03:47.000 --> 00:03:50.000 Тие не можат туку така да заштедат. 00:03:50.000 --> 00:03:53.000 Не можат да си дозволат дел од парите од платата 00:03:53.000 --> 00:03:55.000 да одат за 401(к) пензија 00:03:55.000 --> 00:03:57.000 пред да ги видат, 00:03:57.000 --> 00:03:59.000 пред да ги допрат парите. 00:03:59.000 --> 00:04:02.000 Што е со преостанатата половина од луѓето? 00:04:02.000 --> 00:04:05.000 Дел од нив избираат да не штедат. 00:04:05.000 --> 00:04:07.000 Тие едноставно се мрзливи. 00:04:07.000 --> 00:04:10.000 Тие никогаш не одвоиле време да се регистрираат на сложениот веб сајт 00:04:10.000 --> 00:04:13.000 и да направат 17 кликови за да се приклучат на 401(к) пензиска шема. 00:04:13.000 --> 00:04:15.000 И потоа треба да одлучат како ќе инвестираат 00:04:15.000 --> 00:04:17.000 од вкупно 52 различни начини, 00:04:17.000 --> 00:04:21.000 а никогаш претходно не слушнале за фонд за акции. 00:04:21.000 --> 00:04:23.000 Тие се вознемируваат и едноставно се откажуваат. 00:04:23.000 --> 00:04:28.000 Колкумина од луѓето имаат 401(к) пензиска шема? 00:04:28.000 --> 00:04:31.000 Една третина од Американците. 00:04:31.000 --> 00:04:33.000 Две третини воопшто не штедат денес. NOTE Paragraph 00:04:33.000 --> 00:04:35.000 Дали тие заштедуваат доволно? 00:04:35.000 --> 00:04:37.000 Да ги тргнеме оние 00:04:37.000 --> 00:04:39.000 кои велат дека заштедуваат премалку. 00:04:39.000 --> 00:04:41.000 Еден од вкупно десет 00:04:41.000 --> 00:04:44.000 заштедува доволно. 00:04:44.000 --> 00:04:46.000 Девет од вкупно десет 00:04:46.000 --> 00:04:49.000 или не можат да штедат преку 401(к) пензиска шема, 00:04:49.000 --> 00:04:52.000 одлучуваат да не штедат - или не одлучуваат, 00:04:52.000 --> 00:04:55.000 или заштедуваат премалку. 00:04:55.000 --> 00:04:57.000 Мислиме дека имаме проблем 00:04:57.000 --> 00:04:59.000 со луѓе кои штедат премногу. 00:04:59.000 --> 00:05:01.000 Да го погледнеме ова. 00:05:01.000 --> 00:05:03.000 Имаме едно лице, 00:05:03.000 --> 00:05:06.000 всушност ќе го пресечеме на половина 00:05:06.000 --> 00:05:09.000 бидејќи е помал од еден процент. 00:05:09.000 --> 00:05:12.000 Грубо, половина процент од Американците 00:05:12.000 --> 00:05:17.000 мислат дека заштедуваат премногу. NOTE Paragraph 00:05:17.000 --> 00:05:19.000 Што ќе правиме со ова? 00:05:19.000 --> 00:05:21.000 На тоа сакам да се фокусирам. 00:05:21.000 --> 00:05:23.000 Потребно е да разбереме 00:05:23.000 --> 00:05:25.000 зошто луѓето не штедат, 00:05:25.000 --> 00:05:27.000 и само потоа ќе можеме да ги трансформираме 00:05:27.000 --> 00:05:29.000 предизвиците во однесувањето 00:05:29.000 --> 00:05:31.000 во решенија, 00:05:31.000 --> 00:05:34.000 а потоа да видиме колку тоа може да биде моќно. 00:05:34.000 --> 00:05:36.000 Ќе одвојам неколку секунди 00:05:36.000 --> 00:05:38.000 за да ги идентификувам проблемите, 00:05:38.000 --> 00:05:41.000 предизвиците во однесувањето, 00:05:41.000 --> 00:05:43.000 кои ги спречуваат луѓето да штедат. 00:05:43.000 --> 00:05:47.000 Ќе дадам еден пример во кој ќе зборувам за банани и чоколадо. NOTE Paragraph 00:05:47.000 --> 00:05:50.000 Да претпоставиме дека имаме уште еден TED настан идната седмица. 00:05:50.000 --> 00:05:52.000 И за време на паузата 00:05:52.000 --> 00:05:54.000 ќе има мала закуска 00:05:54.000 --> 00:05:56.000 и би можеле да изберете помеѓу банани и чоколадо. 00:05:56.000 --> 00:05:59.000 Колкумина од вас мислат дека би избрале банана 00:05:59.000 --> 00:06:01.000 за време на замислениот TED настан идната седмица? 00:06:01.000 --> 00:06:03.000 Кој би избрал банани? 00:06:03.000 --> 00:06:05.000 Одлично. 00:06:05.000 --> 00:06:07.000 Можам научно да предвидам 00:06:07.000 --> 00:06:10.000 дека 74% од Вас ќе изберат банани. 00:06:10.000 --> 00:06:14.000 Тоа една одлична студија го има предвидено. 00:06:15.000 --> 00:06:18.000 А потоа бројте ги деновите 00:06:18.000 --> 00:06:22.000 и погледнете луѓето што ќе изберат за јадење. 00:06:23.000 --> 00:06:26.000 Истите луѓе кои изјавиле дека 00:06:26.000 --> 00:06:28.000 ќе јадат банани 00:06:28.000 --> 00:06:30.000 завршуваат јадејќи чоколади 00:06:30.000 --> 00:06:32.000 една седмица подоцна. NOTE Paragraph 00:06:32.000 --> 00:06:34.000 Самоконтролата 00:06:34.000 --> 00:06:37.000 не е проблем за во иднина. 00:06:37.000 --> 00:06:39.000 Таа е проблем во моментот 00:06:39.000 --> 00:06:43.000 кога чоколадото е веднаш до нас. 00:06:43.000 --> 00:06:46.000 Каква врска има времето и штедењето, 00:06:46.000 --> 00:06:49.000 со неспособноста да се одложи задоволството? 00:06:49.000 --> 00:06:53.000 Или како што некои економисти го нарекуваат, тековна тенденција. 00:06:53.000 --> 00:06:55.000 Размислуваме за штедење. Знаеме дека би требало да штедиме. 00:06:55.000 --> 00:06:58.000 Знаеме дека ќе штедиме идната година, но денес дајте да трошиме. 00:06:58.000 --> 00:07:00.000 Кога се наближува Божик, 00:07:00.000 --> 00:07:03.000 би можеле да купиме подароци за сите блиски. 00:07:03.000 --> 00:07:07.000 Така проблемот со тековна тенденција 00:07:07.000 --> 00:07:09.000 нè тера да размислуваме за штедење, 00:07:09.000 --> 00:07:11.000 но завршуваме трошејќи. NOTE Paragraph 00:07:11.000 --> 00:07:13.000 Да ви кажам 00:07:13.000 --> 00:07:15.000 за една друга пречка што го оневозможува штедењето 00:07:15.000 --> 00:07:17.000 која е поврзана со инертноста. 00:07:17.000 --> 00:07:19.000 Но повторно, мало застранување 00:07:19.000 --> 00:07:22.000 на тема донирање органи. 00:07:22.000 --> 00:07:25.000 Извонредна студија која споредува две земји. 00:07:25.000 --> 00:07:28.000 Ќе разгледаме две слични земји, 00:07:28.000 --> 00:07:31.000 Германија и Австрија. 00:07:31.000 --> 00:07:33.000 Во Германија, 00:07:33.000 --> 00:07:35.000 доколку сакате да донирате органи, 00:07:35.000 --> 00:07:37.000 не дај боже, доколку нешто многу лошо 00:07:37.000 --> 00:07:39.000 ви се случи, 00:07:39.000 --> 00:07:42.000 откако ќе земете возачка дозвола или лична карта, 00:07:42.000 --> 00:07:44.000 вие го пополнувате полето кое вели: 00:07:44.000 --> 00:07:46.000 "Би сакал да ги донирам моите органи". 00:07:46.000 --> 00:07:48.000 Многумина не сакаат пополнување полиња. 00:07:48.000 --> 00:07:50.000 Потребен е труд. Треба да мислите. 00:07:50.000 --> 00:07:53.000 Дванаесет проценти размислуваат. 00:07:53.000 --> 00:07:56.000 Австрија, соседна земја, 00:07:56.000 --> 00:07:58.000 помалку слична, помалку различна. 00:07:58.000 --> 00:08:00.000 Во што е разликата? 00:08:00.000 --> 00:08:02.000 Па, сè уште имате избор. 00:08:02.000 --> 00:08:04.000 Вие ќе одлучите 00:08:04.000 --> 00:08:07.000 дали сакате да ги донирате органите или не. 00:08:07.000 --> 00:08:09.000 Но кога ќе ја земете возачката дозвола, 00:08:09.000 --> 00:08:11.000 го пополнувате полето 00:08:11.000 --> 00:08:15.000 доколку не сакате да ги донирате вашите органи. 00:08:15.000 --> 00:08:17.000 Никој не го пополнува полето. 00:08:17.000 --> 00:08:19.000 Тоа е прилично голем напор. 00:08:19.000 --> 00:08:22.000 Еден процент го пополнуваат полето. Преостанатите не прават ништо. 00:08:22.000 --> 00:08:24.000 Правење ништо е многу чест случај. 00:08:24.000 --> 00:08:27.000 Многу малку луѓе пополнуваат полиња. NOTE Paragraph 00:08:27.000 --> 00:08:29.000 Какво е влијанието на оваа мала разлика 00:08:29.000 --> 00:08:31.000 врз спасувањето на животи 00:08:31.000 --> 00:08:34.000 и постоењето на расположиви органи? 00:08:34.000 --> 00:08:36.000 Во Германија, 12 проценти го пополнуваат полето. 00:08:36.000 --> 00:08:39.000 Дванаесет проценти донираат органи. 00:08:39.000 --> 00:08:41.000 Голем недостаток од органи, 00:08:41.000 --> 00:08:43.000 не дај боже, доколку ви затреба некој. 00:08:43.000 --> 00:08:46.000 Во Австрија, повторно, никој не го пополнува полето. 00:08:46.000 --> 00:08:49.000 Затоа, 99% од луѓето 00:08:49.000 --> 00:08:51.000 се донори на органи. 00:08:51.000 --> 00:08:53.000 Инертност, недостиг од акција. 00:08:53.000 --> 00:08:55.000 Која е основната поставка 00:08:55.000 --> 00:08:57.000 доколку луѓето не прават ништо, 00:08:57.000 --> 00:09:00.000 доколку тие и понатаму избегнуваат и не пополнуваат полиња? 00:09:00.000 --> 00:09:02.000 Многу моќна. 00:09:02.000 --> 00:09:04.000 Ќе зборуваме 00:09:04.000 --> 00:09:08.000 за тоа што се случува кога луѓето се вознемирени и заплашени 00:09:08.000 --> 00:09:11.000 за да изберат своја 401(к) пензиска шема. 00:09:11.000 --> 00:09:14.000 Дали ќе им овозможиме автоматски да се приклучат на шемата, 00:09:14.000 --> 00:09:16.000 или ќе ги оставиме надвор од неа? 00:09:16.000 --> 00:09:19.000 Во голем број од 401(к) пензиските шеми, 00:09:19.000 --> 00:09:21.000 доколку луѓето не преземат ништо, 00:09:21.000 --> 00:09:24.000 тоа значи дека тие нема да штедат за пензија, 00:09:24.000 --> 00:09:26.000 доколку не го пополнат полето. 00:09:26.000 --> 00:09:29.000 А пополнувањето на полето бара труд. NOTE Paragraph 00:09:29.000 --> 00:09:32.000 Спомнавме неколку предизвици во однесувањето. 00:09:32.000 --> 00:09:35.000 Уште една работа пред предизвиците да ги претвориме во решенија, 00:09:35.000 --> 00:09:37.000 која е поврзана со мајмуни и јаболка. 00:09:37.000 --> 00:09:39.000 Не, не, ова е вистинска студија 00:09:39.000 --> 00:09:43.000 и таа кажува многу за економиката на однесување. 00:09:43.000 --> 00:09:46.000 Една група на мајмуни добива едно јаболко. Тие се прилично задоволни. 00:09:46.000 --> 00:09:48.000 Другата група добива две јаболка, а едното им се одзема. 00:09:48.000 --> 00:09:50.000 Тие сè уште имаат едно јаболко. 00:09:50.000 --> 00:09:53.000 Тие побеснуваат. 00:09:53.000 --> 00:09:56.000 Зошто ни ги одзедовте нашето јаболко? 00:09:56.000 --> 00:09:59.000 Ова е страв од загуба. 00:09:59.000 --> 00:10:01.000 Ние мразиме да губиме работи, 00:10:01.000 --> 00:10:04.000 дури и кога тоа не значи голем ризик. 00:10:04.000 --> 00:10:07.000 Не би сакале да отидете до банкоматот, 00:10:07.000 --> 00:10:09.000 да извадите 100 долари 00:10:09.000 --> 00:10:11.000 и да забележите дека ви недостасува една банкнота од 20 долари. 00:10:11.000 --> 00:10:13.000 Многу боли, 00:10:13.000 --> 00:10:15.000 иако истото скоро ништо не ви значи. 00:10:15.000 --> 00:10:19.000 Овие 20 долари би можеле да бидат еден краток ручек. 00:10:19.000 --> 00:10:23.000 Стравувањето од загуба 00:10:23.000 --> 00:10:26.000 исто така се јавува кога се работи и за штедењето, 00:10:26.000 --> 00:10:28.000 бидејќи многумина, ментално 00:10:28.000 --> 00:10:31.000 и емотивно и интуитивно 00:10:31.000 --> 00:10:33.000 го сфаќаат штедењето како загуба 00:10:33.000 --> 00:10:36.000 бидејќи треба да кратат од трошењето. NOTE Paragraph 00:10:36.000 --> 00:10:38.000 Ги спомнавме 00:10:38.000 --> 00:10:40.000 сите видови на предизвици во однесувањето 00:10:40.000 --> 00:10:44.000 кои се поврзани со штедењето. 00:10:44.000 --> 00:10:47.000 Без оглед дали размислувате за итно задоволување, 00:10:47.000 --> 00:10:50.000 и за чоколадите наспроти бананите, 00:10:50.000 --> 00:10:53.000 едноставно преболно е да штедите сега. 00:10:53.000 --> 00:10:55.000 Многу позабавно е 00:10:55.000 --> 00:10:57.000 да трошите денес. 00:10:57.000 --> 00:11:00.000 Зборувавме за инертноста и донирањето органи 00:11:00.000 --> 00:11:02.000 и пополнувањето на полето. 00:11:02.000 --> 00:11:04.000 Доколку луѓето мораат да пополнуваат многу полиња 00:11:04.000 --> 00:11:06.000 за да се приклучат на 401(к) пензиска шема, 00:11:06.000 --> 00:11:08.000 тие ќе продолжат да го избегнуваат 00:11:08.000 --> 00:11:10.000 и нема да се приклучат. 00:11:10.000 --> 00:11:12.000 И на крајот зборувавме за стравот од загуба, 00:11:12.000 --> 00:11:14.000 и за мајмуните и јаболката. 00:11:14.000 --> 00:11:17.000 Сè додека луѓето ментално го сфаќаат 00:11:17.000 --> 00:11:20.000 штедењето за пензија како загуба, 00:11:20.000 --> 00:11:23.000 тие нема да започнат да штедат за пензија. NOTE Paragraph 00:11:23.000 --> 00:11:25.000 Затоа ги имаме овие предизвици, 00:11:25.000 --> 00:11:27.000 и она што Ричард Телер и мене 00:11:27.000 --> 00:11:29.000 отсекогаш нè фасцинирало, 00:11:29.000 --> 00:11:31.000 да се промени однесувањето кон финансиите, 00:11:31.000 --> 00:11:33.000 однесувањето да се постави на стероиди 00:11:33.000 --> 00:11:35.000 или однесување кон финансиите верзија 2.0 00:11:35.000 --> 00:11:37.000 или да се примени однесувањето кон финансиите, 00:11:37.000 --> 00:11:41.000 да се претворат предизвиците во решенија. 00:11:41.000 --> 00:11:44.000 И дојдовме до засрамувачки едноставно решение 00:11:44.000 --> 00:11:48.000 наречено Заштедете Повеќе, не денес, Утре. 00:11:48.000 --> 00:11:50.000 Како тоа ќе ги реши предизвиците 00:11:50.000 --> 00:11:52.000 за кои зборувавме? 00:11:52.000 --> 00:11:54.000 Доколку се сетите на проблемот 00:11:54.000 --> 00:11:56.000 со бананите наспроти чоколадите, 00:11:56.000 --> 00:11:59.000 мислиме дека ќе јадеме банани идната седмица. 00:11:59.000 --> 00:12:02.000 Мислиме дека ќе заштедиме повеќе идната година. 00:12:02.000 --> 00:12:05.000 Заштедете Повеќе Утре 00:12:05.000 --> 00:12:07.000 им нуди на вработените 00:12:07.000 --> 00:12:09.000 да заштедат повеќе идната година, 00:12:09.000 --> 00:12:11.000 некогаш во иднина 00:12:11.000 --> 00:12:13.000 кога самите себе можеме да се замислиме 00:12:13.000 --> 00:12:15.000 како јадеме банани, 00:12:15.000 --> 00:12:17.000 волонтираме во општеството, 00:12:17.000 --> 00:12:21.000 вежбаме повеќе и ги правиме сите добри работи на планетава. NOTE Paragraph 00:12:21.000 --> 00:12:24.000 Исто така зборувавме за пополнување на полиња 00:12:24.000 --> 00:12:27.000 и за тоа колку е тешко да превземеш акција. 00:12:27.000 --> 00:12:29.000 Заштедете Повеќе Утре 00:12:29.000 --> 00:12:31.000 ова го олеснува. 00:12:31.000 --> 00:12:33.000 Тоа е автопилот. 00:12:33.000 --> 00:12:37.000 Штом ќе ми речете дека би сакале да заштедите повеќе во иднина, 00:12:37.000 --> 00:12:39.000 да речеме секој Јануари 00:12:39.000 --> 00:12:42.000 вие ќе започнете да штедите автоматски 00:12:42.000 --> 00:12:45.000 и дел од вашата плата ќе оди во 401(к) пензиската шема 00:12:45.000 --> 00:12:47.000 пред да го видите, пред да го допрете, 00:12:47.000 --> 00:12:49.000 пред да го добиете чувството 00:12:49.000 --> 00:12:52.000 за брзо задоволување. 00:12:52.000 --> 00:12:55.000 Но што ќе правиме со мајмуните 00:12:55.000 --> 00:12:57.000 и стравот од загуба? 00:12:57.000 --> 00:12:59.000 Доаѓа следниот Јануари 00:12:59.000 --> 00:13:01.000 и луѓето мислат дека колку повеќе штедат, 00:13:01.000 --> 00:13:04.000 толку помалку имаат за трошење, а тоа е болно. 00:13:05.000 --> 00:13:07.000 Можеби тоа не би требало да биде Јануари. 00:13:07.000 --> 00:13:10.000 Можеби би требало луѓето да ги натераме да заштедат повеќе 00:13:10.000 --> 00:13:13.000 кога ќе заработуваат повеќе пари. 00:13:13.000 --> 00:13:16.000 На тој начин, кога заработуваат повеќе, кога имаат поголеми примања, 00:13:16.000 --> 00:13:20.000 тие не треба да скратат од трошењето. 00:13:20.000 --> 00:13:22.000 Земаат по малку 00:13:22.000 --> 00:13:24.000 од зголемувањето на платата 00:13:24.000 --> 00:13:26.000 и трошат повеќе, 00:13:26.000 --> 00:13:28.000 земаат мал дел од зголемувањето 00:13:28.000 --> 00:13:30.000 и го внесуваат во 401(к) пензиската шема. NOTE Paragraph 00:13:30.000 --> 00:13:32.000 Таква е програмата, 00:13:32.000 --> 00:13:34.000 засрамувачки едноставна, 00:13:34.000 --> 00:13:36.000 но како што ќе видиме, 00:13:36.000 --> 00:13:38.000 неверојатно моќна. 00:13:38.000 --> 00:13:40.000 Првпат ја воведовме, 00:13:40.000 --> 00:13:42.000 Ричард Телер и јас, 00:13:42.000 --> 00:13:45.000 уште во 1998 година. 00:13:45.000 --> 00:13:48.000 Средно голема компанија во западниот дел, 00:13:48.000 --> 00:13:50.000 најобични работници во фабрика, 00:13:50.000 --> 00:13:52.000 кои мака мачат со плаќање на сметките 00:13:52.000 --> 00:13:54.000 постојано повторуваа дека 00:13:54.000 --> 00:13:57.000 не можат да заштедат повеќе. 00:13:57.000 --> 00:14:00.000 Заштедувањето повеќе денес не е решение. 00:14:00.000 --> 00:14:02.000 Им понудивме да штедат 00:14:02.000 --> 00:14:05.000 три проценти повеќе 00:14:05.000 --> 00:14:08.000 секој пат кога ќе добијат покачување. 00:14:08.000 --> 00:14:11.000 И еве ги резултатите. 00:14:11.000 --> 00:14:13.000 Овде гледаме три и пол годишен период, 00:14:13.000 --> 00:14:15.000 четири покачувања на плата, 00:14:15.000 --> 00:14:17.000 луѓе кои едвај одвојувале за заштеда, 00:14:17.000 --> 00:14:19.000 кои заштедувале три проценти од својата плата, 00:14:19.000 --> 00:14:21.000 три и пол години подоцна 00:14:21.000 --> 00:14:24.000 заштедуваат скоро четири пати повеќе, 00:14:24.000 --> 00:14:27.000 скоро 14 проценти. NOTE Paragraph 00:14:27.000 --> 00:14:29.000 Гледаме и чевли и велосипеди 00:14:29.000 --> 00:14:31.000 и други работи на оваа слика 00:14:31.000 --> 00:14:33.000 бидејќи не сакам туку така да нафрлам бројки 00:14:33.000 --> 00:14:35.000 во вакуум простор. 00:14:35.000 --> 00:14:38.000 Сакам да верувам во фактот 00:14:38.000 --> 00:14:40.000 дека заштедувањето четири пати повеќе 00:14:40.000 --> 00:14:42.000 е огромна разлика 00:14:42.000 --> 00:14:44.000 од аспект на животниот стил 00:14:44.000 --> 00:14:46.000 кој луѓето ќе можат да си го дозволат. 00:14:46.000 --> 00:14:48.000 Реално е. 00:14:48.000 --> 00:14:51.000 Не се само бројки на парче хартија. 00:14:51.000 --> 00:14:53.000 Каде што со заштедувањето три проценти 00:14:53.000 --> 00:14:55.000 луѓето можеле да си купат убави патики 00:14:55.000 --> 00:14:57.000 за да можат да пешачат, 00:14:57.000 --> 00:15:01.000 бидејќи не можат да си дозволат било што друго, 00:15:01.000 --> 00:15:03.000 кога заштедуваат 14 проценти, 00:15:03.000 --> 00:15:06.000 тие би можеле да си дозволат убави чевли 00:15:06.000 --> 00:15:09.000 за да отидат и да се повозат со возилото. 00:15:09.000 --> 00:15:11.000 Ова е значителна разлика. 00:15:11.000 --> 00:15:16.000 Досега, околу 60 проценти од големите компании 00:15:16.000 --> 00:15:19.000 всушност имаат применето вакви програми. 00:15:19.000 --> 00:15:22.000 Тоа е дел од Актот за Пензионерска Заштита. 00:15:22.000 --> 00:15:24.000 И непотребно е да спомнам дека Телер и јас 00:15:24.000 --> 00:15:27.000 имавме среќа да бидеме дел од оваа програма 00:15:27.000 --> 00:15:29.000 и да направиме нешто различно. NOTE Paragraph 00:15:29.000 --> 00:15:31.000 Дозволете ми да завршам 00:15:31.000 --> 00:15:34.000 со две клучни пораки. 00:15:34.000 --> 00:15:37.000 Едната е дека однесувањето кон финансиите 00:15:37.000 --> 00:15:40.000 е екстремно моќно. 00:15:40.000 --> 00:15:43.000 Ова е само еден пример. 00:15:43.000 --> 00:15:45.000 Втората порака 00:15:45.000 --> 00:15:47.000 е дека има уште многу да се направи. 00:15:47.000 --> 00:15:50.000 Ова е само врвот на сантата мраз. 00:15:50.000 --> 00:15:53.000 Доколку размислувте за луѓето и хипотеките 00:15:53.000 --> 00:15:56.000 и купувањето куќи и потоа неможноста да ги исплаќаат, 00:15:56.000 --> 00:15:58.000 потребно е сите да размислиме за ова. 00:15:58.000 --> 00:16:01.000 Доколку размислувате за луѓето кои преземаат преголем ризик, 00:16:01.000 --> 00:16:04.000 а не разбирате колкав ризик преземаат 00:16:04.000 --> 00:16:06.000 или преземаат премал ризик, 00:16:06.000 --> 00:16:08.000 потребно е сите да размислиме за тоа. 00:16:08.000 --> 00:16:11.000 Доколку размислувате за луѓето кои трошат илјадници долари годишно 00:16:11.000 --> 00:16:13.000 на лотарија, 00:16:13.000 --> 00:16:15.000 потребно е сите да размислиме за тоа. 00:16:15.000 --> 00:16:17.000 Просекот всушност, 00:16:17.000 --> 00:16:19.000 рекордот е во Сингапур. 00:16:19.000 --> 00:16:21.000 Едно просечно домаќинство 00:16:21.000 --> 00:16:24.000 троши 4.000 долари годишно на лотарија. 00:16:24.000 --> 00:16:26.000 Имаме многу што да направиме, 00:16:26.000 --> 00:16:28.000 многу да решаваме, 00:16:28.000 --> 00:16:31.000 исто и во областа на пензионирањето 00:16:31.000 --> 00:16:33.000 кога станува збор за тоа што луѓето прават со парите 00:16:33.000 --> 00:16:35.000 по пензионирањето. NOTE Paragraph 00:16:35.000 --> 00:16:37.000 Едно последно прашање: 00:16:37.000 --> 00:16:40.000 Колкумина од вас се сигурни 00:16:40.000 --> 00:16:42.000 дека пред да решите да се пензионирате 00:16:42.000 --> 00:16:45.000 имате навистина издржан план 00:16:45.000 --> 00:16:47.000 план кој кога ќе се пензионирате, 00:16:47.000 --> 00:16:50.000 кога ќе ги прифатите бенефитите од Социјалното Осигурување, 00:16:50.000 --> 00:16:52.000 ќе ви го овозможи посакуваниот живот, 00:16:52.000 --> 00:16:54.000 посакуваната месечна потрошувачка 00:16:54.000 --> 00:16:56.000 а без притоа да се грижите дека ќе останете без пари ? 00:16:56.000 --> 00:16:59.000 Колкумина од вас веруваат дека имаат издржан план за во иднина, 00:16:59.000 --> 00:17:03.000 план за после-пензионирањето. 00:17:04.000 --> 00:17:07.000 Еден, два, три, четири. 00:17:07.000 --> 00:17:09.000 Помалку од три проценти 00:17:09.000 --> 00:17:11.000 од многу софистицирана публика. 00:17:11.000 --> 00:17:14.000 Однесувањето кон финансиите има долго патешествие. 00:17:14.000 --> 00:17:16.000 Постојат многу можности 00:17:16.000 --> 00:17:20.000 за да го направите моќно повторно и повторно и повторно. NOTE Paragraph 00:17:20.000 --> 00:17:22.000 Ви благодарам. NOTE Paragraph 00:17:22.000 --> 00:17:24.000 (Аплауз)