Return to Video

Вилијам Ноел: Откривање на Архимедовиот изгубен кодекс

  • 0:00 - 0:03
    Големите текстови од античкиот свет
  • 0:03 - 0:06
    не доспеваат до нас во нивната оригинална форма.
  • 0:06 - 0:10
    Тие опстоиле зашто средновековните писари
  • 0:10 - 0:12
    ги препишувале и ги препишувале и ги препишувале.
  • 0:12 - 0:14
    А истото е случај и со Архимед,
  • 0:14 - 0:16
    големиот грчки математичар.
  • 0:16 - 0:19
    Сè што знаеме за Архимед како математичар
  • 0:19 - 0:22
    знаеме врз основа на само три книги,
  • 0:22 - 0:24
    ословени А, Б и В (латинично: A, B, C).
  • 0:24 - 0:29
    Книгата А ја изгубил италијански хуманист во 1564 год,
  • 0:29 - 0:31
    а за Б последен пат се чуло во библиотеката на папата,
  • 0:31 - 0:37
    на стотина милји северно од Рим, во Витербо, 1311 год.
  • 0:37 - 0:42
    Е сега... Кодексот В бил откриен дури во 1906 година,
  • 0:42 - 0:44
    а слета на моето биро во Балтимор
  • 0:44 - 0:48
    на 19 јануари 1999 година.
  • 0:48 - 0:51
    И ова овде е Кодексот В.
  • 0:51 - 0:56
    Е сега, Кодексот В, всушност, е закопан во оваа книга.
  • 0:56 - 0:57
    Тоа е закопано богатство
  • 0:57 - 1:00
    зашто оваа книга, всушност, е молитвеник,
  • 1:00 - 1:03
    изготвен од страна на извесен Јоханес Миронес
  • 1:03 - 1:06
    на 14 април 1229 година.
  • 1:06 - 1:09
    За да го направи молитвеникот, користел пергамент.
  • 1:09 - 1:11
    Но не употребил нов пергамент,
  • 1:11 - 1:14
    туку рециклиран пергамент од стари ракописи,
  • 1:14 - 1:16
    а имало седум на број.
  • 1:16 - 1:20
    Архимедовиот Кодекс В бил само еден од тие седум.
  • 1:20 - 1:25
    Ги извадил и ги разделил страницитете од Архимедовиот и од останатите седум ракописи,
  • 1:25 - 1:28
    целосно ги избришал текстовите,
  • 1:28 - 1:31
    потоа ги пресекол листовите долж средина,
  • 1:31 - 1:33
    ги помешал,
  • 1:33 - 1:35
    ги ротирал за 90 степени
  • 1:35 - 1:37
    и испишал молитви врз овие книги.
  • 1:37 - 1:39
    И, во суштина, овие седум ракописи
  • 1:39 - 1:43
    исчезнале на 700 години, а ние сега имаме молитвеник.
  • 1:43 - 1:46
    Молитвеникот бил откриен од овој дечко,
  • 1:46 - 1:49
    Јохан Лудвиг Хеиберг, во 1906 година.
  • 1:49 - 1:51
    И тој, само со лупа,
  • 1:51 - 1:53
    препишал од текстот колку што можел повеќе.
  • 1:53 - 1:57
    Интересното е што открил два текста во овој ракопис
  • 1:57 - 1:58
    коишто биле уникатни (различни) текстови.
  • 1:58 - 2:00
    Тие воопшто не биле содржани во А и Б;
  • 2:00 - 2:02
    биле сосема нови текстови од Архимед
  • 2:02 - 2:05
    и биле наречени „Методот“ и „Стомакион“.
  • 2:05 - 2:07
    И ова постанува светски познат ракопис.
  • 2:07 - 2:09
    Значи, веќе би требало да е јасно
  • 2:09 - 2:12
    дека оваа книга е во лоша состојба.
  • 2:12 - 2:15
    Нејзината состојба се влошила во 20-от век,
  • 2:15 - 2:17
    откако Хеиберг ја видел.
  • 2:17 - 2:18
    Врз неа биле насликани фалсификати,
  • 2:18 - 2:22
    а и сериозно настрадала од мувла.
  • 2:22 - 2:25
    Оваа книга е дефиниција за обезвреднување.
  • 2:25 - 2:27
    Тоа е таква книга
  • 2:27 - 2:30
    за која си мислиш дека би била во институција.
  • 2:30 - 2:32
    Но не е во институција,
  • 2:32 - 2:37
    била купена од приватен сопственик во 1998 год.
  • 2:37 - 2:38
    Зошто ја купил оваа книга?
  • 2:38 - 2:42
    Затоа што сакал кревкото да го направи безбедно.
  • 2:42 - 2:45
    Сакал уникатното да го направи сеприсутно.
  • 2:45 - 2:50
    Сакал скапоценото да го направи бесплатно.
  • 2:50 - 2:53
    И сакал ова да го направи по прашање на принцип.
  • 2:53 - 2:57
    Зашто, навистина, не многу луѓе би го читале Архимед на антички грчки,
  • 2:57 - 3:00
    но би требало да имаат шанса да го сторат тоа.
  • 3:00 - 3:03
    Па... ги собрал околу себе пријателите на Архимед
  • 3:03 - 3:06
    и ветил дека ќе им плати за севкупната работа.
  • 3:06 - 3:07
    А ова било скапа работа,
  • 3:07 - 3:11
    но, реално, и не толку колку што си мислите
  • 3:11 - 3:13
    бидејќи овие луѓе... тие не дошле поради пари,
  • 3:13 - 3:15
    дошле поради Архимед.
  • 3:15 - 3:16
    А дошле од разноразни видови профили:
  • 3:16 - 3:19
    дошле од полето на физика на елементарни честички
  • 3:19 - 3:20
    дошле од полето на класичната филологија,
  • 3:20 - 3:22
    дошле од полето на конзервација на книги,
  • 3:22 - 3:25
    од полето на старогрчка математика,
  • 3:25 - 3:27
    од полето на менаџмент на податоци,
  • 3:27 - 3:30
    на научна обработка на слики и управување со програми.
  • 3:30 - 3:33
    И тие се собраа за заедно да работат на овој ракопис.
  • 3:33 - 3:37
    Првиот проблем беше проблемот на конзервација.
  • 3:37 - 3:39
    А ова е нештото со коешто требаше да се справиме:
  • 3:39 - 3:42
    Имаше лепак на 'рбетот на книгата.
  • 3:42 - 3:44
    И ако погледнете внимателно во оваа фотографија,
  • 3:44 - 3:46
    долната половина е прилично кафеава.
  • 3:46 - 3:47
    Тој лепак е туткал од (животинска) кожа.
  • 3:47 - 3:49
    Е сега, ако сте конзерватор,
  • 3:49 - 3:51
    овој лепак можете да го отстраните прилично лесно.
  • 3:51 - 3:54
    Горната половина е Елмеров лепак за дрво (дрвофикс).
  • 3:54 - 3:56
    Тоа е емулзија од поливинилски ацетат
  • 3:56 - 3:59
    којашто не се раствора во вода откако ќе се исуши.
  • 3:59 - 4:02
    И многу е поцврста од пергаментот врз кој е пишувано.
  • 4:02 - 4:05
    Така, пред да можеме да отпочнеме со вадење снимки од Архимед
  • 4:05 - 4:07
    моравме да ги вадиме страниците од книгата.
  • 4:07 - 4:10
    Па, за да се извадат, потребни беа четири години.
  • 4:10 - 4:13
    А ова е ретка снимка од акцијата, дами и господа.
  • 4:13 - 4:16
    (смеа)
  • 4:16 - 4:20
    Друга работа е тоа што требаше да се ослободиме од сиот восок,
  • 4:20 - 4:22
    бидејќи ова било користено при литургиите
  • 4:22 - 4:24
    на Грчката Православна Црква,
  • 4:24 - 4:25
    а тие користеле восок од свеќа.
  • 4:25 - 4:27
    А восок од свеќа беше валкан,
  • 4:27 - 4:29
    па не можевме да правиме снимки преку восокот.
  • 4:29 - 4:32
    Затоа требаше многу внимателно, механички да го истругаме целиот восок.
  • 4:32 - 4:34
    Тешко е прецизно да ви се каже
  • 4:34 - 4:37
    колку е лоша состојбата на оваа книга,
  • 4:37 - 4:39
    но многу често од неа се одвојуваа мали делчиња.
  • 4:39 - 4:42
    И, вообичаено, не би се грижеле за вака мали делчиња кај една книга,
  • 4:42 - 4:45
    но овие мали делчиња би можеле да содржат уникатен текст на Архимед.
  • 4:45 - 4:47
    Значи, ситни фрагменти,
  • 4:47 - 4:52
    всушност, успеавме да ги вратиме на вистинското место.
  • 4:52 - 4:55
    Потоа, откако го направивме тоа, започнавме да вадиме снимки од ракописот.
  • 4:55 - 4:57
    И извадивме снимки од ракописот
  • 4:57 - 4:59
    во 14 различни групи бранови должини на светлина.
  • 4:59 - 5:03
    Бидејќи ако гледате нешто во различни групи бранови должини на светлина,
  • 5:03 - 5:04
    гледате различни работи.
  • 5:04 - 5:06
    А ова е снимка на страница
  • 5:06 - 5:08
    снимена со 14 различни групи бранови должини на светлина.
  • 5:08 - 5:10
    Но ниедна од нив не заврши работа.
  • 5:10 - 5:15
    Потоа направивме взаемно процесирање на сликите,
  • 5:15 - 5:18
    и две од нив сместивме на празен екран.
  • 5:18 - 5:21
    И, еве, тука имаме две различни снимки од Архимедовиот ракопис.
  • 5:21 - 5:23
    Сликата лево
  • 5:23 - 5:24
    е нормална црвена снимка.
  • 5:24 - 5:26
    А сликата десно е ултравиолетова снимка.
  • 5:26 - 5:27
    Во сликата десно
  • 5:27 - 5:29
    можеби ќе успеете да видите по нешто од Архимедовиот текст.
  • 5:29 - 5:32
    Ако ги споите на една дигитална површина
  • 5:32 - 5:35
    пергаментот е светол кај двете снимки
  • 5:35 - 5:37
    и излегува светол.
  • 5:37 - 5:40
    Молитвеникот е темен кај двете снимки
  • 5:40 - 5:42
    и излегува темен.
  • 5:42 - 5:45
    Архимедовиот текст, пак, е темен на едната снимка, а светол на другата.
  • 5:45 - 5:48
    Тој ќе излезе дека е темен, но црвен
  • 5:48 - 5:50
    и тогаш можеш да почнеш да го читаш прилично јасно.
  • 5:50 - 5:53
    И тоа изгледа вака.
  • 5:53 - 5:56
    Е сега, ова е снимка на пред и потоа,
  • 5:56 - 5:59
    но вака не можеш да ја прочиташ снимката.
  • 5:59 - 6:02
    Зумираш и зумираш
  • 6:02 - 6:05
    и зумираш и зумираш,
  • 6:05 - 6:07
    па дури сега можеш да ја прочиташ.
  • 6:07 - 6:14
    (аплауз)
  • 6:14 - 6:17
    Ако ги процесирате истите две снимки на различен начин,
  • 6:17 - 6:20
    всушност, би можеле да се ослободите од текстот на молитвеникот.
  • 6:20 - 6:21
    А ова е ужасно важно
  • 6:21 - 6:24
    зашто дијаграмите во ракописот
  • 6:24 - 6:26
    се уникатниот извор на дијаграми
  • 6:26 - 6:29
    коишто Архимед ги нацртал во песокот во 4 век п.н.е.
  • 6:29 - 6:32
    И, еве сме... можам да ви ги дадам на вас.
  • 6:32 - 6:34
    Со ваков вид на снимање --
  • 6:34 - 6:37
    ваков вид на снимање со инфрацрвени, ултравиолетови и невидливи светлини --
  • 6:37 - 6:40
    никогаш немаше да снимиме низ златната основа на фалсификатите.
  • 6:40 - 6:42
    Како ќе го направевме тоа?
  • 6:42 - 6:44
    Па, го земавме ракописот
  • 6:44 - 6:48
    и решивме истиот да го снимиме со рендгенско флуоресцентно снимање.
  • 6:48 - 6:51
    Така, рендген зракот влегува во дијаграмот лево
  • 6:51 - 6:55
    и исфрла електрон од внатрешна обвивка на атомот.
  • 6:55 - 6:57
    И тој електрон исчезнува.
  • 6:57 - 7:00
    Како што тој исчезнува, електрон од подалечна обвивка
  • 7:00 - 7:03
    доскокнува и му го завзема местото.
  • 7:03 - 7:04
    И кога ќе му го завземе местото
  • 7:04 - 7:07
    ослободува електромагнетна радијација.
  • 7:07 - 7:08
    Ослободува рендген зрак.
  • 7:08 - 7:11
    Овој рендген зрак има специфична бранова должина
  • 7:11 - 7:13
    во однос на атомот којшто го погодува.
  • 7:13 - 7:15
    А она што сакавме да го добиеме
  • 7:15 - 7:17
    беше железото.
  • 7:17 - 7:19
    Зашто мастилото беше испишано на железо.
  • 7:19 - 7:20
    И ако можеме да мапираме
  • 7:20 - 7:23
    од каде излегува овој рендген зрак, од каде доаѓа,
  • 7:23 - 7:25
    ќе можеме да го мапираме целото железо на страницата,
  • 7:25 - 7:28
    и тогаш, теоретски, можеме да ги прочитаме снимките.
  • 7:28 - 7:32
    Работата е во тоа што ви треба многу моќен светлосен извор за да го направите ова.
  • 7:32 - 7:35
    Па, го однесовме во лабораторијата за синхротона радијација во Стенфорд,
  • 7:35 - 7:37
    во Калифорнија,
  • 7:37 - 7:38
    којашто е забрзувач (акцелератор) на честички.
  • 7:38 - 7:40
    Електроните кружат во една насока,
  • 7:40 - 7:42
    а позитроните во друга.
  • 7:42 - 7:43
    Тие се среќаваат на средина
  • 7:43 - 7:46
    и создаваат субатомски честички
  • 7:46 - 7:48
    како ц-кваркот (charm-quark) и тау лептонот (tau lepton).
  • 7:48 - 7:51
    Е сега, реално, немавме намера Архимед да го ставиме во тој зрак.
  • 7:51 - 7:54
    Но, како што електроните кружат со брзина на светлината,
  • 7:54 - 7:56
    тие ослободуваат рендгенски зраци.
  • 7:56 - 7:58
    И ова е најмоќниот светлински извор во Сончевиот систем.
  • 7:58 - 8:00
    Ова се нарекува синхротрона радијација
  • 8:00 - 8:02
    и таа вообичаено се користи за да се гледа на нешта
  • 8:02 - 8:04
    како протеини и такви слични работи.
  • 8:04 - 8:08
    Но, сакавме да гледаме атоми, железни атоми,
  • 8:08 - 8:11
    како би можеле да ја читаме страницата пред и потоа.
  • 8:11 - 8:13
    И, да видиш, да не веруваш, откривме дека можеме да го направиме тоа.
  • 8:13 - 8:16
    Беа потребни околу 17 минути за една страна.
  • 8:16 - 8:19
    Значи, што откривме?
  • 8:19 - 8:21
    Па... еден од уникатните текстови на Архимед
  • 8:21 - 8:23
    е именуван „Стомакион“.
  • 8:23 - 8:25
    А ова не постоеше во Кодексите А и Б.
  • 8:25 - 8:28
    А знаевме дека го вклучуваше овој квадрат.
  • 8:28 - 8:30
    Ова е совршен квадрат
  • 8:30 - 8:32
    и е поделен на 14 делчиња.
  • 8:32 - 8:34
    Но, никој не знаеше што правел Архимед со овие 14 делчиња.
  • 8:34 - 8:37
    А сега мислиме дека веќе знаеме.
  • 8:37 - 8:38
    Тој се обидувал да реши
  • 8:38 - 8:41
    на колку начини можеш да ги рекомбинираш тие 14 делови
  • 8:41 - 8:43
    и повторно да добиеш совршен квадрат.
  • 8:43 - 8:47
    Сака некој да го погоди одговорот?
  • 8:47 - 8:52
    Тоа е 17.152 поделено на 536 семејства.
  • 8:52 - 8:54
    A важната поента околу ова
  • 8:54 - 8:58
    е што ова е најдамнешното проучување на комбинаториката во математиката.
  • 8:58 - 9:02
    А комбинаториката е прекрасна и интересна гранка на математиката.
  • 9:02 - 9:05
    Вистинската воодушевувачка работа околу овој ракопис
  • 9:05 - 9:07
    е тоа дека ги гледавме и другите ракописи
  • 9:07 - 9:09
    коишто палимпсестерот ги имал направено
  • 9:09 - 9:11
    (од кои писарот ја составил својата книга)
  • 9:11 - 9:14
    и еден од тие беше ракопис кој содржи текст од Хиперид.
  • 9:14 - 9:19
    Е сега... Хиперид бил атински оратор од 4-от век п.н.е.
  • 9:19 - 9:21
    Тој бил вистински современик на Демостен.
  • 9:21 - 9:26
    И, во 338 година п.н.е, тој и Демостен заедно
  • 9:26 - 9:27
    одлучиле дека сакаат да се спротивстават
  • 9:27 - 9:29
    на воената моќ на Филип Македонски.
  • 9:29 - 9:33
    Па така, Атина и Теба тргнале да се борат против Филип Македонски
  • 9:33 - 9:34
    Ова било лоша идеја
  • 9:34 - 9:38
    зашто Филип Македонски имал син, Александар Велики,
  • 9:38 - 9:40
    па ја изгубиле битката кај Херонеја.
  • 9:40 - 9:43
    Александар Велики продолжил да го освојува познатиот свет;
  • 9:43 - 9:45
    а Хиперид го снашло судење за предавство.
  • 9:45 - 9:49
    И ова е говорот којшто тој го дал додека бил на судење.
  • 9:49 - 9:50
    А говорот е одличен:
  • 9:50 - 9:52
    „Најдобро од сè е да се победи.
  • 9:52 - 9:54
    Но ако не можеш да победиш,
  • 9:54 - 9:56
    тогаш треба да се бориш за благородна кауза
  • 9:56 - 9:58
    зашто тогаш ќе бидеш запаметен.
  • 9:58 - 9:59
    Размислете за спартанците.
  • 9:59 - 10:01
    Тие извојувале бројни победи,
  • 10:01 - 10:03
    но никој не се сеќава што се тие
  • 10:03 - 10:05
    бидејќи тие војувале за себични цели.
  • 10:05 - 10:09
    Единствената битка која спартанците ја биеле и на која сите се сеќаваат
  • 10:09 - 10:10
    е битката кај Термопилите
  • 10:10 - 10:12
    каде тие биле заклани до последна душа,
  • 10:12 - 10:14
    но се бореле за слобода на Грција.“
  • 10:14 - 10:17
    Тоа бил до толку величествен говор
  • 10:17 - 10:20
    што атинските судови го ослободиле Хиперид.
  • 10:20 - 10:22
    Тој живеел уште 10 години,
  • 10:22 - 10:25
    а потоа македонската фракција го фатила.
  • 10:25 - 10:28
    Му го исекле јазикот во знак на исмевање на неговото ораторство
  • 10:28 - 10:31
    и никој не знае што направиле со неговото тело.
  • 10:31 - 10:34
    Значи, ова е откритие на еден изгубен глас од
    антиката
  • 10:34 - 10:36
    кој ни зборува, но не од гробот,
  • 10:36 - 10:38
    зашто неговиот гроб не постои,
  • 10:38 - 10:40
    туку од атинските судови.
  • 10:40 - 10:41
    Е сега, во овој момент би требало да кажам
  • 10:41 - 10:44
    дека, вообичаено, кога гледате
  • 10:44 - 10:46
    во средновековните ракописи кои биле стругани,
  • 10:46 - 10:47
    не наоѓате уникатни текстови.
  • 10:47 - 10:51
    А да најдете два текста во еден ракопис, тоа навистина е нешто.
  • 10:51 - 10:54
    Да најдете три е сосема чудно.
  • 10:54 - 10:55
    А ние најдовме три.
  • 10:55 - 10:57
    Аристотеловиот „Категории“
  • 10:57 - 10:59
    е еден од базичните текстови на западната филозофија.
  • 10:59 - 11:04
    А ние пронајдовме и коментар за него, од 3 век од н.е,
  • 11:04 - 11:07
    можно од Гален и веројатно од Порфириј.
  • 11:07 - 11:09
    Е сега, сиве овие податоци кои ги собравме,
  • 11:09 - 11:11
    сите снимки, сите необработени слики,
  • 11:11 - 11:14
    сите транскрипции кои ги направивме и слично,
  • 11:14 - 11:17
    се поставени онлајн под Creative Commons лиценца
  • 11:17 - 11:20
    за да може кој било да ги користи за комерцијални цели.
  • 11:20 - 11:27
    (аплауз)
  • 11:27 - 11:30
    Зошто сопственикот на ракописот го направил ова?
  • 11:30 - 11:34
    Го направил ова бидејќи тој ги разбира податоците исто како и книгите.
  • 11:34 - 11:35
    Сега, работата којашто има врска со книгите,
  • 11:35 - 11:37
    ако сакате да ја осигурате нивната долгорочна корисност,
  • 11:37 - 11:39
    треба да ги сокриете настрана во плакари
  • 11:39 - 11:41
    и да дозволите само мал број луѓе да ѕирнат во нив.
  • 11:41 - 11:44
    Работата којашто има врска со податоците, ако сакате тие да опстојат,
  • 11:44 - 11:47
    е да ги ослободите и да дозволите секој да ги има
  • 11:47 - 11:50
    со најмала можна контрола врз нив.
  • 11:50 - 11:51
    Ете, тоа е она кое тој го направил.
  • 11:51 - 11:55
    А институциите можат да учат од ова!
  • 11:55 - 11:57
    Зашто институциите во моментов
  • 11:57 - 12:00
    ги ограничуваат податоците преку авторски права и слични рестрикции.
  • 12:00 - 12:02
    И ако сакате да ги погледнете средновековните ракописи на интернет,
  • 12:02 - 12:06
    моментално ќе треба да појдете до X-веб страната на националната библиотека
  • 12:06 - 12:09
    или на Y-веб страната на универзитетската библиотека,
  • 12:09 - 12:11
    што, отприлика, е најздодевниот начин
  • 12:11 - 12:12
    за справување со дигитални податоци.
  • 12:12 - 12:15
    Она што сакате да го направите е да ги соберете сите податоци заедно
  • 12:15 - 12:18
    зашто мрежата од античките ракописи на иднината
  • 12:18 - 12:21
    нема да биде изградена од страна на институциите.
  • 12:21 - 12:24
    Таа ќе биде изградена од страна на корисниците,
  • 12:24 - 12:26
    од луѓе кои ги собираат овие податоци,
  • 12:26 - 12:29
    од луѓе кои сакаат да насоберат секакви видови мапи
  • 12:29 - 12:31
    ма од каде и да доаѓаат,
  • 12:31 - 12:33
    секакви видови средновековни романси
  • 12:33 - 12:34
    ма од каде и да доаѓаат,
  • 12:34 - 12:38
    луѓе кои едноставно сакаат да ги конзервираат своите славни селекции
  • 12:38 - 12:39
    од прекрасни нешта.
  • 12:39 - 12:41
    А тоа е иднината на Мрежата (Web).
  • 12:41 - 12:44
    Привлечна и прекрасна иднина,
  • 12:44 - 12:46
    само да можеме да ја оствариме!
  • 12:46 - 12:49
    Е сега... ние, во Волтеровиот музеј на уметност, го проследивме овој пример
  • 12:49 - 12:52
    и сите наши ракописи ги поставивме на Мрежата
  • 12:52 - 12:54
    за луѓето да уживаат --
  • 12:54 - 12:57
    сите сурови податоци, сите описи, сите метаподатоци
  • 12:57 - 12:59
    под Creative Commons лиценца.
  • 12:59 - 13:01
    Волтеровиот музеј на уметност е мал музеј
  • 13:01 - 13:03
    и поседува прекрасни ракописи,
  • 13:03 - 13:05
    но податоците се фантастични.
  • 13:05 - 13:06
    А резултат од ова
  • 13:06 - 13:09
    е тоа што ако баш сега на Гугл ги пребарате сликите
  • 13:09 - 13:13
    и ако напишете „илуминиран ракопис Куран“, на пример,
  • 13:13 - 13:17
    24-те од 28-те слики кои ќе ги најдете доаѓаат од мојата институција.
  • 13:17 - 13:23
    (аплауз)
  • 13:23 - 13:28
    Сега, ајде да размислиме за ова на една минута.
  • 13:28 - 13:30
    Каква корист има институцијата од ова?
  • 13:30 - 13:32
    О, па секакви нешта има за институцијата од ова.
  • 13:32 - 13:34
    Можете да зборувате за хуманистичките науки и за слични работи,
  • 13:34 - 13:36
    но ајде да зборуваме за себичните нешта.
  • 13:36 - 13:40
    Затоа што она кое вистински претставува корист за институцијата е ова:
  • 13:40 - 13:43
    Зошто луѓето одат во Лувр?
  • 13:43 - 13:46
    Одат за да ја видат Мона Лиза.
  • 13:46 - 13:49
    Зошто одат да ја видат Мона Лиза?
  • 13:49 - 13:52
    Бидејќи тие веќе знаат како таа изгледа.
  • 13:52 - 13:54
    А знаат како изгледа
  • 13:54 - 13:59
    зашто гледале слики од неа, апсолутно насекаде.
  • 13:59 - 14:03
    Сега, нема потреба
  • 14:03 - 14:05
    за вакви рестрикции, воопшто.
  • 14:05 - 14:07
    И мислам дека институциите треба да се исправат
  • 14:07 - 14:11
    и да ги ослободат сите расположливи податоци под нерестриктивни лиценци.
  • 14:11 - 14:13
    Е ова би било од огромна корист за сите.
  • 14:13 - 14:16
    Зошто, едноставно, да не им дозволиме на сите да имаат пристап до овие податоци,
  • 14:16 - 14:18
    и да си конзервираат нивни сопствени колекции
  • 14:18 - 14:20
    на античко знаење, на извонредни и прекрасни нешта,
  • 14:20 - 14:24
    и да се зголеми убавината и културното значење
  • 14:24 - 14:25
    на интернетот?
  • 14:25 - 14:26
    Ви благодарам многу, навистина.
  • 14:26 - 14:31
    (аплауз)
Title:
Вилијам Ноел: Откривање на Архимедовиот изгубен кодекс
Speaker:
William Noel
Description:

Како ќе прочитате 2000 години стар ракопис кој бил избришан, исечен, над кој одново и одново било пишувано и сликано? Со помош на моќниот забрзувач (акцелератор) на честички, се разбира! Кураторот на антички книги, Вилијам Ноел, ја раскажува фасцинантната приказна која стои позади Архимедовиот палимпест, византиски молитвеник кој содржи претходно непознати оригинални ракописи од античкиoт грчки математичар Архимед и од други.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
14:53

Macedonian subtitles

Revisions