Return to Video

Алекс Стефен гледа одржлива иднина

  • 0:00 - 0:02
    Кога започнувам дискусии како оваа,
  • 0:02 - 0:05
    обично зборувам опширно за одржливоста
  • 0:05 - 0:07
    затоа што многу луѓе не знаат што е тоа.
  • 0:07 - 0:09
    Ова е толпа што знае што е тоа,
  • 0:09 - 0:13
    па би сакал само да направам едноминутно сумирање. Важи?
  • 0:13 - 0:15
    Значи останете со мене. Ќе одиме навистина брзо, знаете?
  • 0:15 - 0:16
    Пополнете во празнините.
  • 0:16 - 0:19
    Па, знаете, одржливост, мала планета.
  • 0:19 - 0:21
    Така? Претставете си ја малата Земја, вртејќи се околу Сонцето.
  • 0:21 - 0:22
    Знаете, пред околу 1 милион години,
  • 0:22 - 0:24
    неколку мајмуни паднале од дрвјата,
  • 0:24 - 0:26
    станаа малку паметни, почнаа да употребуваат огин,
  • 0:26 - 0:27
    ја измислија печатарската преса,
  • 0:27 - 0:29
    направија, багаж со тркала на него.
  • 0:29 - 0:33
    И, знаете, го изградија општеството во кое живееме.
  • 0:33 - 0:36
    За несреќа, додека ова општество е, без сомнеж,
  • 0:36 - 0:40
    најпросперитетното и најдинамичното кое светот го создал,
  • 0:40 - 0:43
    има некои големи, големи пропусти.
  • 0:43 - 0:47
    Еден од нив е тоа што секое општество има еколошки отпечаток.
  • 0:47 - 0:51
    Има износ на влијание на планетата кое е мерливо.
  • 0:51 - 0:54
    Колку работи поминуваат низ вашиот живот,
  • 0:54 - 0:57
    колку отпад е оставен зад вас.
  • 0:57 - 1:00
    И ние, во овој момент, во нашето општество,
  • 1:00 - 1:04
    имаме навистина драматично неодржливо ниво на ова.
  • 1:04 - 1:06
    Ние трошиме околу пет планети.
  • 1:06 - 1:09
    Ако секој на планетата живееше како нас,
  • 1:09 - 1:11
    би ни биле потребни пет, шест, седум,
  • 1:11 - 1:14
    некои луѓе дури велат 10 планети за да успееме.
  • 1:14 - 1:16
    Јасно е дека немаме 10 планети.
  • 1:16 - 1:18
    Повторно, значи, ментално, визуелирајте, 10 планети, една планета,
  • 1:18 - 1:20
    10 планети, една планета. Така?
  • 1:20 - 1:23
    Го немаме тоа. Значи тоа е еден проблем.
  • 1:23 - 1:25
    Вториот проблем е тоа што планетата што ја имаме
  • 1:25 - 1:29
    е користена потполно запостаувачки. Така?
  • 1:29 - 1:32
    Луѓето од Северна Америка, како мене самиот, знаете,
  • 1:32 - 1:34
    ние сме во суштина ненаситни свињи,
  • 1:34 - 1:36
    и јадеме сешто.
  • 1:36 - 1:38
    И тогаш, доаѓате најдоле
  • 1:38 - 1:42
    до луѓето што живеат во Азичко-Пацифичкиот регион, или уште повеќе, Африка.
  • 1:42 - 1:44
    И луѓето едноставно немаат доволно да преживеат.
  • 1:44 - 1:46
    Ова предизвикува секаков вид на тензии,
  • 1:46 - 1:49
    секаков вид на динамики кои се длабоко вознемирувачки.
  • 1:49 - 1:53
    И повеќе и повеќе луѓе се на пат. Така?
  • 1:53 - 1:57
    Ова е како ќе изгледа планетата за околу 20 години.
  • 1:57 - 2:00
    Ќе биде доста натрупано место, најмалку осум милијарди луѓе.
  • 2:00 - 2:04
    За да бидат работите уште потешки, ова е многу млада планета.
  • 2:04 - 2:07
    Една третина од луѓето на оваа планета се деца.
  • 2:07 - 2:10
    И тие деца растат на комплетно поинаков начин
  • 2:10 - 2:12
    од нивните родители, без разлика каде живеат.
  • 2:12 - 2:17
    Тие се изложени на оваа идеја за нашето опшетство, за нашиот напредок.
  • 2:17 - 2:20
    И тие можеби нема да сакаат да живеат баш како нас.
  • 2:20 - 2:22
    Можеби нема да сакаат да бидат американци, или британци,
  • 2:22 - 2:24
    или германци, или јужно африканци,
  • 2:24 - 2:26
    но тие сакаат нивна верзија
  • 2:26 - 2:28
    на живот кој е понапреден, подинамичен,
  • 2:28 - 2:30
    и попривлечен.
  • 2:30 - 2:33
    И сите овие работи се комбинираат да создадат
  • 2:33 - 2:36
    огромна количина на притисок врз планетата.
  • 2:36 - 2:39
    И ако не можеме да најдеме начин да се справиме со тој притисок,
  • 2:39 - 2:43
    ќе се најдеме повеќе и повеќе и побрзо
  • 2:43 - 2:47
    соочувајќи се со ситуации кои се едноставно незамисливи.
  • 2:47 - 2:49
    Секој во оваа соба слушнал за најлош-случај сценаријата.
  • 2:49 - 2:51
    Нема да одам во тоа.
  • 2:51 - 2:53
    Но, ќе го поставам прашањето, која е алтернативата?
  • 2:53 - 2:58
    И би сакал да кажам дека, во моментот, алтернативата е несфатлива.
  • 2:58 - 3:01
    Знаете, на една страна го имаме незамисливото,
  • 3:01 - 3:03
    а на другата страна го имаме несфатливото.
  • 3:03 - 3:06
    Ние се уште не знаеме како да изградиме општество
  • 3:06 - 3:08
    кое одржливо за животната средина,
  • 3:08 - 3:11
    кое може да се сподели со сите на планетата,
  • 3:11 - 3:15
    кое промовира стабилност и демократија и човечки права,
  • 3:15 - 3:18
    и кое е достижно во временската рамка која е неопходна
  • 3:18 - 3:21
    за да се надминат предизвиците со кои се соочуваме.
  • 3:21 - 3:23
    Ние уште не знаеме како да го постигнеме тоа.
  • 3:23 - 3:25
    Значи, што е Worldchanging?
  • 3:25 - 3:27
    Па, Worldchanging можете да го замислите
  • 3:27 - 3:32
    како на еден вид новинска агенција за незамисливата иднина.
  • 3:32 - 3:34
    Знаете, тоа што ние го правиме е потрага
  • 3:34 - 3:37
    по примери на алатки, модели и идеи,
  • 3:37 - 3:41
    кои, ако се применат нашироко, можат да ја променат ситуацијата. Така?
  • 3:41 - 3:44
    Многу пати, кога држам ваков говор, зборувам за работи
  • 3:44 - 3:47
    што секој во оваа соба, јас сум сигурен веќе слушнале за нив,
  • 3:47 - 3:49
    да, ама повеќето луѓе не се слушнале.
  • 3:49 - 3:51
    Па мислев денеска да направам ништо малку поразлично,
  • 3:51 - 3:54
    и да зборувам за тоа што ние го бараме, наместо да зборувам, знаете,
  • 3:54 - 3:57
    ќе ви дадам неколку испробани и проверени примери.
  • 3:57 - 3:59
    Ќе зборувам за нештата што ние ги истражуваме.
  • 3:59 - 4:01
    Ќе ви овозможам да ѕирнете во нашата уредничка тетратка.
  • 4:01 - 4:04
    И знаејќи дека имам 13 минути да го сторам тоа, ова ќе биде малку набрзина.
  • 4:04 - 4:06
    Па, не знам, само останете со мене. Важи?
  • 4:06 - 4:09
    Најпрво, по што трагаме? Голем Зелен град.
  • 4:09 - 4:12
    Еден од најголемите средства што ги имаме во развиениот свет
  • 4:12 - 4:14
    за менување на влијанието што го имаме врз планетата
  • 4:14 - 4:16
    е менувањето на начинот на кој живееме во градовите.
  • 4:16 - 4:17
    Ние веќе сме урбана планета,
  • 4:17 - 4:20
    што е особено точно во развиениот свет.
  • 4:20 - 4:22
    И луѓето кои живеат во развиениот свет
  • 4:22 - 4:24
    се воглавно многу напредни, и затоа користат многу работи.
  • 4:24 - 4:26
    Ако можеме да ја смениме динамиката,
  • 4:26 - 4:29
    со тоа што како прво ќе градиме градови што се погусто населени и попригодни за живеење...
  • 4:29 - 4:31
    Еве, за пример, е Ванкувер, што ако не сте биле таму,
  • 4:31 - 4:33
    морате да одите и да го посетите. Тоа е неверојатен град.
  • 4:33 - 4:35
    И тие веќе работат на густина, нова густина,
  • 4:35 - 4:37
    подобра од веројатно било кој друг на планетата моментално.
  • 4:37 - 4:40
    Тие всушност успеваат да ги наговорат луѓето од Северна Америка да не возат коли,
  • 4:40 - 4:42
    што е навистина одлична работа.
  • 4:42 - 4:44
    Значи имате густина. Ама исто имате управување со развојот.
  • 4:44 - 4:47
    Оставате настрана што е природно да си биде природно.
  • 4:47 - 4:50
    Ова е во Портланд. Ова е вистинско уредување.
  • 4:50 - 4:52
    Земјата таму ќе остане пасиште постојано.
  • 4:52 - 4:54
    Тие го ограничиле градот со линија.
  • 4:54 - 4:56
    Природа, град. Ништо не се менува.
  • 4:57 - 5:00
    Кога еднаш ќе ги направиш овие работи, можеш да почнеш со секакви инвестиции.
  • 5:00 - 5:02
    Можеш да почнеш да градиш проекти како,
  • 5:02 - 5:05
    транзитни системи што всушност работат на превоз на луѓе,
  • 5:05 - 5:08
    на ефективен и разумно удобен начин. Така?
  • 5:08 - 5:10
    Можеш да почнеш да ги менуваш своите градби.
  • 5:10 - 5:13
    Ова е Бедингтон Нула Енергија Градба во Лондон,
  • 5:13 - 5:16
    што е една од најзелените згради во светот. Тоа е неверојатно место.
  • 5:16 - 5:19
    Ние сме способни сега да градиме градби што си ја произведуваат сета потребна електрична енергија,
  • 5:19 - 5:21
    што ја рециклираат повеќето од нивната вода,
  • 5:21 - 5:24
    што се многу поудобни од стандардните згради,
  • 5:24 - 5:28
    користат целосно природна светлина, итн, и со текот на времето чинат помалку.
  • 5:28 - 5:32
    Зелени покриви. Бил МекДоноу ја покри таа тема вчера вечер, па јас нема многу да се задржам на тоа.
  • 5:32 - 5:34
    Но, кога еднаш имаш луѓе што живеат
  • 5:34 - 5:36
    релативно близу еден до друг,
  • 5:36 - 5:38
    една од работите што можеш да ги направиш е --
  • 5:38 - 5:40
    како што информациските технологии се развиваат --
  • 5:40 - 5:42
    можеш да воведеш паметни места.
  • 5:42 - 5:44
    Можеш да почнеш да знаеш каде се нештата.
  • 5:44 - 5:46
    Кога знаеш каде се нештата, станува многу полесно да ги споделиш.
  • 5:46 - 5:49
    На ваков начин, нивното користење е поефикасно.
  • 5:49 - 5:51
    Така еден одличен пример се клубовите за делење на коли,
  • 5:51 - 5:53
    што стануваат навистина популарни во САД,
  • 5:53 - 5:56
    се веќе популарни на многу места во Европа, и се одличен пример.
  • 5:56 - 5:58
    Ако сте некој кој вози, еднаш неделно,
  • 5:58 - 6:00
    дали навистина имате потреба да поседувате автомобил?
  • 6:01 - 6:03
    Друга работа што информатичката технологија ни овозможува
  • 6:03 - 6:05
    е да почнеме со изнаоѓање начини како да користиме помалку нешта
  • 6:05 - 6:10
    со тоа што ќе знаеме, и ќе ја надгледуваме количината што ја користиме.
  • 6:10 - 6:13
    Еве електричен кабел што свети посилно кога трошите повеќе енергија,
  • 6:13 - 6:15
    што е навистина одличен концепт,
  • 6:15 - 6:17
    иако јас мислам дека би требало да работи обратно,
  • 6:17 - 6:20
    да биде посветол што помалку енергија користиш.
  • 6:20 - 6:22
    Но, знаете, има уште поедноставен начин.
  • 6:22 - 6:24
    Би можеле само да ги преименуваме нештата.
  • 6:24 - 6:26
    Прекинувачот за светло на кој пишува на една страна, поплава од светлина,
  • 6:26 - 6:28
    а на другата, исклучено.
  • 6:28 - 6:30
    И начинот на кој ги дизајнираме нештата исто така може да се смени.
  • 6:30 - 6:32
    Ова е био-морфиска зграда.
  • 6:32 - 6:36
    Нејзината форма е инспирирана од животот.
  • 6:36 - 6:38
    Многу од овие згради се неверојатно убави,
  • 6:38 - 6:40
    и исто така многу поефективни.
  • 6:41 - 6:43
    Ова е пример на био-мимикрија,
  • 6:43 - 6:45
    што е нешто што ние навистина почнуваме да го гледаме почесто.
  • 6:45 - 6:47
    Во овој случај, имаме дизајн во вид на школка
  • 6:47 - 6:51
    кој бил употребен да се создаде нов вид на издувен вентилатор, кој е значително поефективен.
  • 6:51 - 6:54
    Има многу вакви работи што се случуваат, навистина е забележливо.
  • 6:55 - 6:57
    Ве охрабрувам да погледате на Worldchanging ако сте заинтересирани.
  • 6:57 - 6:59
    Ние почнуваме да покриваме вакви случувања се повеќе и повеќе.
  • 6:59 - 7:01
    Постои, исто така нео-биолошки дизајн,
  • 7:01 - 7:03
    каде се повеќе и повеќе го користиме самиот живот
  • 7:03 - 7:06
    за животните процеси да станат дел од нашата индустрија.
  • 7:06 - 7:09
    Па ова, на пример, е алга која генерира водород.
  • 7:09 - 7:13
    Имаме потенцијален модел, модел којшто го разгледуваме за тоа
  • 7:13 - 7:16
    како да ги земеме градовите во кои повеќето од нас живеат,
  • 7:16 - 7:18
    и да ги претвориме во Светли Зелени градови.
  • 7:18 - 7:23
    Но, за жал, повеќето од луѓето на планетата не живеат во градовите во кои ние живееме.
  • 7:23 - 7:26
    Тие живеат во мега градовите кои се појавуваат во светот во развој.
  • 7:26 - 7:28
    И има статистика што често ја користам,
  • 7:28 - 7:31
    која вели дека додаваме град Сиетл секои четири дена,
  • 7:31 - 7:34
    град со големината на Сиетл на планетата секои четири дена.
  • 7:34 - 7:36
    Држев говор пред околу два месеца,
  • 7:36 - 7:38
    и овој човек, кој работел за Обединетите Нации, дојде до мене
  • 7:38 - 7:40
    и беше навистина вознемирен, и ми кажа, види,
  • 7:40 - 7:42
    ти си го разбрал тоа сосема погрешно, тоа е сосема погрешно.
  • 7:42 - 7:44
    Тоа е секои седум дена.
  • 7:45 - 7:48
    Значи, додаваме град со големината на Сиетл секои седум дена,
  • 7:48 - 7:52
    и повеќето од тие градови изгледаат повеќе како ова отколку како градот во кој Вие или јас живееме.
  • 7:52 - 7:55
    Повеќето од тие градови растат неверојатно бргу.
  • 7:55 - 7:57
    Тие немаат постоечка инфраструктура,
  • 7:57 - 8:00
    имаат огромен број на луѓе кои се борат со сиромаштија,
  • 8:00 - 8:02
    и огромен број на луѓе кои се обидуваат да разберат
  • 8:02 - 8:04
    како да работат на нови начини. Така?
  • 8:04 - 8:08
    Значи што ни е потребно за да можеме да ги трансформираме во земјите во развој
  • 8:08 - 8:11
    мега-градовите во Светли Зелени мега-градови?
  • 8:11 - 8:14
    Па, првата работа што ни е потребна, потребен ни се скокови во развојот.
  • 8:14 - 8:17
    И ова е една работа што ја бараме насекаде.
  • 8:17 - 8:19
    Идејата зад скоковите во развојот е дека
  • 8:19 - 8:22
    ако си ти личност, или земја, која е заглавена во ситуација
  • 8:22 - 8:25
    кадешто ги немаш алатките и технологиите што ти се потребни,
  • 8:25 - 8:31
    нема причина за да инвестираш во технологиите од последната генерација. Така?
  • 8:31 - 8:33
    Дека ти си во многу подобра положба, скоро универзално,
  • 8:33 - 8:38
    барајќи евтина или локално применлива верзија на најновата технологија.
  • 8:38 - 8:42
    Тоа може да го забележиме во светот на мобилните телефони. Така?
  • 8:42 - 8:46
    Насекаде низ светот во развој, луѓето одат директно на мобилни телефони,
  • 8:46 - 8:48
    прескокнувајќи ја целата етапа со фиксните линии.
  • 8:48 - 8:50
    Ако има фиксни линии во многу градови во светот во развој,
  • 8:50 - 8:53
    тие се вообичаено навистина лоши системи што се често се расипуваат,
  • 8:53 - 8:55
    и чинат огромни суми на пари. Така?
  • 8:55 - 8:57
    Така да, на мене ми се навистина допаѓа оваа слика овде.
  • 8:57 - 9:01
    Особено ми се допаѓа Ганешот во позадината, кој зборува на мобилен телефон.
  • 9:01 - 9:05
    Гледаме дека мобилните телефони се повеќе се пробиваат во општеството.
  • 9:05 - 9:07
    Сите ние слушнавме се за ова оваа недела,
  • 9:07 - 9:09
    па нема да кажам многу повеќе, освен тоа дека
  • 9:09 - 9:14
    она што е вистина за мобилните телефони важи за сите видови на технологии.
  • 9:14 - 9:17
    Втората работа се алатките за соработка,
  • 9:17 - 9:20
    дали тоа се системи за соработка, или системи на интелектуална сопственост
  • 9:20 - 9:22
    кои охрабруваат соработка. Така?
  • 9:22 - 9:26
    Кога постои слободна можност за луѓето слободно да работат заедно и да иновираат,
  • 9:26 - 9:28
    добиваш различни видови на решенија.
  • 9:28 - 9:31
    И тие решенија се достапни на различен начин
  • 9:31 - 9:33
    на луѓе што немаат капитал. Така?
  • 9:33 - 9:36
    Па, знаете, имаме опен сорс софтвер,
  • 9:36 - 9:41
    имаме Creative Commons и други видови на Copyleft решенија. Така?
  • 9:41 - 9:43
    И тие работи водат то нешта како ова.
  • 9:43 - 9:46
    Ова е Телецентро во Сао Паоло.
  • 9:46 - 9:48
    Ова е прилично голем програм
  • 9:48 - 9:52
    кој користи бесплатен и опен сорс софтвер, евтин и модифициран хардвер,
  • 9:52 - 9:55
    и во суштина напуштени згради --
  • 9:55 - 9:57
    кој организира неколку социјални центри
  • 9:57 - 10:00
    каде луѓето можат да дојдат, да добијат брз интернет пристап,
  • 10:00 - 10:03
    и да научат компјутерски вештини бесплатно.
  • 10:04 - 10:07
    Четвртина милион луѓе секоја година ги користат овие центри во Сао Паоло.
  • 10:08 - 10:11
    И тие четвртина милион луѓе се едни од најсиромашните луѓе во Сао Паоло.
  • 10:11 - 10:14
    На мене посебно ми се допаѓа малиот Линукс пингвин во позадината.
  • 10:15 - 10:20
    Значи едно од нештата до кои ова води е еден вид на јужна културна експлозија.
  • 10:20 - 10:23
    И едно од нештата за кои ние во Worldchaning сме навистина заинтересирани
  • 10:23 - 10:27
    се начините на кои југот се ре-идентификува,
  • 10:27 - 10:30
    и се ре-категоризира на начини
  • 10:30 - 10:33
    што имаат се помалку и помалку врска со повеќето од нас во оваа просторија.
  • 10:33 - 10:38
    Значи не е, знаете, Боливуд не е само одговор на Холивуд. Така?
  • 10:38 - 10:41
    Знаете, бразилската музичка цена не е само одговор на големите ѕвезди.
  • 10:41 - 10:44
    Креира нешто ново. Има нови работи кои се случуваат.
  • 10:44 - 10:47
    Има комуникација помеѓу нив. И, знаете, се добиваат неверојатни работи.
  • 10:47 - 10:50
    Како на пример, не знам дали некој од Вас го видел филмот "City of God"?
  • 10:50 - 10:53
    Да, тоа е одличен филм ако го немате видено.
  • 10:53 - 10:56
    И целиот е за ова прашање, на многу уметнички и недиректен начин.
  • 10:56 - 10:58
    Има други радикални примери
  • 10:58 - 11:01
    каде што можноста да се користат културни алатки се шири.
  • 11:01 - 11:03
    Ова се луѓе кои само што биле посетени од страна на
  • 11:03 - 11:05
    Интернет мобилната библиотека во Уганда.
  • 11:05 - 11:07
    И тие ги мавтаат нивните први книги во воздухот,
  • 11:07 - 11:10
    што, јас мислам дека е навистина интересна слика.
  • 11:10 - 11:14
    Исто така ја имате можноста за луѓето да почнат да се собираат заедно
  • 11:14 - 11:19
    и да дејствуваат лично во политички и граѓански цели.
  • 11:20 - 11:23
    На начини кои ги немаме видено претходно.
  • 11:23 - 11:25
    И како што слушнавме вчера вечер, како што слушнавме порано неделава,
  • 11:25 - 11:31
    тие се апсолутно, фундаментално витални за способноста да создадат нови решенија,
  • 11:31 - 11:34
    како што ние мораме да создадеме нови политички реалности.
  • 11:34 - 11:38
    И јас би рекол дека ние мораме да создадеме нови политички реалности,
  • 11:38 - 11:43
    не само во места како Индија, Авганистан, Кенија, Пакистан,
  • 11:43 - 11:45
    било каде, но и тука дома исто така.
  • 11:45 - 11:47
    Друг свет е возможен.
  • 11:47 - 11:51
    И на некој начин големото мото за движењето на анти-глобализација. Така?
  • 11:51 - 11:53
    Ние го модификуваме тоа многу.
  • 11:53 - 11:56
    Зборуваме за тоа како друг свет не само што е возможен, туку е веќе тука.
  • 11:56 - 11:58
    Дека не е само да ние на некој начин замислиме
  • 11:58 - 12:02
    дека има голема, нејасна можност таму некаде,
  • 12:02 - 12:06
    туку треба да почнеме и да дејствуваме малку повеќе на таа можност.
  • 12:06 - 12:09
    Ние треба да почнеме да правиме работи како Лула, Претседателот на Бразил.
  • 12:09 - 12:12
    Колку луѓе знаеја за Лула пред денес?
  • 12:12 - 12:16
    Добро, не многу, многу подобро од просечната толпа, можам да ви го кажам тоа.
  • 12:16 - 12:18
    Значи Лула, тој е полн со проблеми, полн со контрадикции,
  • 12:18 - 12:20
    но една од работите што тој ги прави е,
  • 12:20 - 12:26
    тој застапува идеја дека како се однесуваме во меѓународните релации
  • 12:26 - 12:32
    кои комплетно го менуваат погледот од северно-јужен дијалог
  • 12:32 - 12:36
    во целосно нов начин на глобална соработка.
  • 12:36 - 12:38
    Јас би ги следел идните идеи на овој човек.
  • 12:39 - 12:42
    Друг пример на оваа на некој начин втора супер сила
  • 12:42 - 12:46
    е растот на овие игри што се како ги ние викаме сериозна игра.
  • 12:46 - 12:48
    Ние набљудуваме многу од ова. Се шири насекаде.
  • 12:48 - 12:51
    Ова е од извадок од "A Force More Powerfull". Ова е мал извадок.
  • 12:51 - 12:53
    "Сила Посилна" е видео игра што,
  • 12:53 - 12:56
    додека ја играш, те учи како да учествуваш
  • 12:56 - 12:58
    во ненасилна побуна и промена на режим.
  • 12:58 - 13:01
    Еве уште една. Ова е од игра што се вика "Силата на Храната",
  • 13:01 - 13:04
    што е игра која ги учи децата како да управуваат со бегалски камп.
  • 13:05 - 13:09
    Овие се работи кои придонесуваат на многу динамичен начин
  • 13:09 - 13:14
    за огромен пораст во, посебно во светот во развој,
  • 13:14 - 13:17
    во интересот и страста на луѓето за демократија.
  • 13:17 - 13:20
    Ние добиваме толку малку вести за светот во развој,
  • 13:20 - 13:24
    што често забораваме деке има буквално
  • 13:24 - 13:26
    милиони луѓе таму што се борат да ги сменат работите
  • 13:26 - 13:30
    да бидад пофер, послободни, подемократски и помалку корумпирани.
  • 13:30 - 13:32
    И, знаете, ние не ги слушаме тие приказни доволно.
  • 13:32 - 13:34
    Но се случува насекаде,
  • 13:34 - 13:36
    и овие алатки се дел од тоа што ги прави возможни.
  • 13:36 - 13:38
    Сега кога ќе ги додадеш сите овие работи заедно,
  • 13:38 - 13:40
    кога ќе ги дадеш сите скокови во технологијата и новите видови на алатки,
  • 13:40 - 13:44
    знаете, втората супер сила итн., што добивате?
  • 13:44 - 13:48
    Па, многу брзо, добивате Светла Зелена иднина за светот во развој.
  • 13:48 - 13:52
    Добивате, на пример, ширење на зелена енергија насекаде низ светот.
  • 13:52 - 13:54
    Добивате -- ова е зграда во Хидеарабад, Индија.
  • 13:54 - 13:56
    Ова е најзелената зграда во светот.
  • 13:56 - 13:58
    Добивате основни решенија, работи што работат
  • 13:58 - 14:00
    за луѓето што немаат капитал или имаат ограничен пристап.
  • 14:00 - 14:04
    Добивате босоноги соларни инженери што носат соларни панели во одалечените планини.
  • 14:04 - 14:06
    Добивате пристап до далечна медицина.
  • 14:06 - 14:09
    Овие се индиски медицински сестри што учат како да користат персонални дигитални асистенти
  • 14:09 - 14:11
    да пристапат до бази на податоци штосодржат информации
  • 14:11 - 14:14
    до кои тие немаат пристап од дома.
  • 14:14 - 14:17
    Добивате нови алатки за луѓето во светот во развој.
  • 14:17 - 14:21
    Овие се ЛЕД светла што им помагаат на отприлика една милијарда луѓе,
  • 14:21 - 14:23
    за кои падот на ноќта значи мрак,
  • 14:23 - 14:25
    да имаат нови начини на работење.
  • 14:25 - 14:28
    Овие се фрижидери на кои не им е потребна електрична енергија,
  • 14:28 - 14:30
    тие се сад во сад дизајн.
  • 14:30 - 14:33
    И добивате решенија за водата. Водата е еден од најтешките проблеми.
  • 14:33 - 14:35
    Ова е дизајн за собирање на дождовница што е супер евтина
  • 14:35 - 14:37
    и е достапна на луѓето во светот во развој.
  • 14:37 - 14:41
    Ова е дизајн за дестилирање вода користејќи сончева светлина.
  • 14:42 - 14:47
    Ова е собирач на магла, кој, ако живеете во влажна, област како џунгла,
  • 14:47 - 14:50
    ќе дестилира вода од воздухот што е чиста и пивка.
  • 14:50 - 14:52
    Еве начин за транспортирање вода.
  • 14:52 - 14:55
    Јас го обожавам ова, знаете -- мислам носењето вода е тешко,
  • 14:55 - 14:58
    и некој само се појави со идејата па, што ако го тркалаш. Така?
  • 14:58 - 15:00
    Мислам, одличен дизајн е.
  • 15:00 - 15:03
    Ова е неверојатен пронајдок, цевка за живот.
  • 15:03 - 15:06
    Во суштина можеш да шмукаш било каква вода низ ова
  • 15:06 - 15:09
    и ќе стане пивка додека да стигне до твоите усни.
  • 15:09 - 15:12
    Па, знаете, луѓето што се во очајни незгоди може да го користат ова.
  • 15:12 - 15:15
    Ова е еден од моите омилени Worldchanging нешта на сите времиња.
  • 15:15 - 15:18
    Ова е рингишпил измислен од компанијата Раундабоут (Roundabout),
  • 15:18 - 15:22
    што пумпа вода како што децата си играат.
  • 15:23 - 15:26
    Сериозно - дајте му аплауз на ова, навистина е одлично.
  • 15:26 - 15:30
    И истата работа е вистинита за луѓе кои се во апсолутна криза. Така?
  • 15:30 - 15:34
    Очекуваме да имаме повеќе од 200 милиони бегалци до 2020 година
  • 15:34 - 15:36
    поради климатските промени и политичка нестабилност.
  • 15:36 - 15:38
    Како да им помогнеме не луѓе во оваа состојба?
  • 15:38 - 15:40
    Па, има секакви видови на неверојатни нови хуманитарни дизајни
  • 15:40 - 15:43
    што се развиваат со соработка насекаде на планетата.
  • 15:43 - 15:46
    Некои од тие дизајни вклучуваат модели за глумење,
  • 15:46 - 15:49
    како што се нови модели за предавање во села во центарот на бегалски кампови.
  • 15:49 - 15:52
    Нови модели за педагогија за раселените.
  • 15:52 - 15:54
    И имаме нови алатки.
  • 15:54 - 15:56
    Ова е едно од моите апсолутни омилени нешта било каде.
  • 15:56 - 15:58
    Дали некој знае што е ова?
  • 15:58 - 15:59
    Публиката: Детектира мини.
  • 15:59 - 16:02
    Точно, ова е цвеќе-детектор за нагазни мини.
  • 16:03 - 16:05
    Ако живееш во едно од местата
  • 16:05 - 16:08
    каде што отприлика половина милијарда неевидентирани мини се распослани,
  • 16:08 - 16:11
    можеш да ги фрлиш овие семиња во полето.
  • 16:11 - 16:15
    Како што растат, ќе растат околу мините,
  • 16:15 - 16:18
    нивните корења ќе ги детектираат хемикалиите во нив,
  • 16:18 - 16:21
    и каде што цвеќињата се црвени не стапнуваш.
  • 16:23 - 16:27
    Да, значи семињата може да Ви го спасат животот. Знаете?
  • 16:27 - 16:28
    (Аплауз)
  • 16:28 - 16:30
    Јас го сакам исто така затоа што мене ми изгледа
  • 16:30 - 16:36
    дека примерот, алатките што ги користиме да го смениме светот,
  • 16:36 - 16:39
    мораат да бидат убави самите по себе.
  • 16:39 - 16:41
    Знаете, дека не е само доволно да се преживее.
  • 16:41 - 16:44
    Мораме да направиме нешто подобро од тоа што го имаме.
  • 16:45 - 16:47
    И јас мислам дека ќе направиме.
  • 16:48 - 16:51
    Само да привршам, во бесмртните зборови на Х.Г. Велс,
  • 16:51 - 16:53
    Јас мислам дека подобри нешта се на пат.
  • 16:53 - 16:57
    Јас мислам дека, всушност, дека “целото минато е само почеток на почеток.
  • 16:57 - 16:59
    Сето тоа што човечката мисла постигнала
  • 16:59 - 17:01
    е само сон пред разбудувањето.“
  • 17:01 - 17:04
    Јас се надевам дека ова ќе се покаже како вистина.
  • 17:04 - 17:07
    Луѓето во оваа соба ми даваат повеќе доверба од било кога дека ќе се покаже како вистина.
  • 17:07 - 17:08
    Ви благодарам многу.
  • 17:08 - 17:10
    (Аплауз)
Title:
Алекс Стефен гледа одржлива иднина
Speaker:
Alex Steffen
Description:

Основачот на Worldchanging.com, Алекс Стефен дискутира дека намалувањето на човековото загадување на природата е неопходно токму сега, кога западниот потрошувачки животен стил се шири во земјите во развој.

more » « less
Video Language:
English
Team:
closed TED
Project:
TEDTalks
Duration:
17:10
Novica Lazarevski added a translation

Macedonian subtitles

Revisions