1 00:00:01,339 --> 00:00:05,991 Закопај ја раката во почвата и слушни ја мојата приказна, 2 00:00:05,991 --> 00:00:11,792 почувствувај го памукот, пченицата и пченката, богатството и славата, 3 00:00:11,792 --> 00:00:15,944 почувствувај го испотениот напор на оние кои работеа пред мене, 4 00:00:15,944 --> 00:00:19,937 закопај ја раката долу во почвата. 5 00:00:26,490 --> 00:00:32,924 Глобалното земјоделие се смени повеќе во нашето време, отколку во претходните 10,000 години. 6 00:00:33,570 --> 00:00:38,179 Но како што и случајот со секоја промена, се појавија конфликти на интереси. 7 00:00:38,871 --> 00:00:43,674 Овој конфликт никаде не е поинтензивен колку што е во приказната за семето. 8 00:00:44,305 --> 00:00:49,119 Во овој филм ќе погледнеме како семето се сменило во земјоделието и во нашата култура, 9 00:00:49,119 --> 00:00:57,678 од свет елемент и дарител на живот; до моќен комодитет, искористен за воведување монопол во глобалното производство на храна. 10 00:00:58,540 --> 00:01:02,893 Овој конфликт помеѓу земјоделството и бизнисот; помеѓу знаењето и контролата; 11 00:01:02,893 --> 00:01:10,066 помеѓу вистината и пропагандата; лежи во срцето на приказната за семето. 12 00:01:10,912 --> 00:01:15,067 Штом една компанијата ќе започне да гледа надоместок за лиценца од секое семе, 13 00:01:15,067 --> 00:01:21,906 таа ги форсира своите генетички модифицирани жетви, за да ги замени домородните жетви кои фармерите и селаните ги одгледувале со милениуми наназад. 14 00:01:21,906 --> 00:01:24,489 Не знаеме што има во нивниот еко-систем. 15 00:01:24,489 --> 00:01:27,019 Не знаеме што имаме: во него. 16 00:01:27,019 --> 00:01:28,711 Тоа нема никаква врска со хранење на светот. 17 00:01:28,711 --> 00:01:32,130 Тоа не се занимава со решавање на некои од овие огромни проблеми со кои се соочуваме денес. 18 00:01:32,130 --> 00:01:35,066 Се работи за контрола на прехрамбениот сектор, за прехрамбената индустрија. 19 00:01:37,897 --> 00:01:45,680 СЕМЕ НА СЛОБОДАТА 20 00:02:03,372 --> 00:02:09,732 ЕВОЛУЦИЈАТА НА РАЗНОВИДНОСТА 21 00:02:14,978 --> 00:02:17,768 Ја започнуваме приказната на семето, пред илјадници години, 22 00:02:17,768 --> 00:02:23,980 во време кога Земјата беше полна со неспоредливи заедници, одалечени едни од други со планини, мориња и пустини. 23 00:02:24,826 --> 00:02:30,363 Се разви огромна разновидност на култури, традиции и јазици низ целата планета, 24 00:02:30,363 --> 00:02:33,675 приспособена на многубројни различни поднебја и еко-системи. 25 00:02:34,921 --> 00:02:39,072 Индивидуалните општества развиле различни идеи низ вековите, 26 00:02:39,072 --> 00:02:45,164 разни космологии, рутини и ритуали; создавајќи бескраен темел на разновидност. 27 00:02:46,610 --> 00:02:52,447 Денес, сеуште постојат заедници низ светот, кај кои се наѕира ова родовско минато. 28 00:02:53,847 --> 00:02:58,447 Сите традиционални култури се засноваат на 29 00:02:58,447 --> 00:03:02,050 признанието дека најважната причина за нашето постоење на Земјата, 30 00:03:02,050 --> 00:03:05,593 е да ја одиграме нашата улога во одржување на животот во сета своја разновидност. 31 00:03:06,731 --> 00:03:09,469 Затоа што семето содржи живот, 32 00:03:10,377 --> 00:03:16,176 семето е од централно значење во репродукцијата на животната култура. 33 00:03:16,976 --> 00:03:22,025 И ако ги разгледате ритуалите во Индија, Африка, Латинска Америка, 34 00:03:22,533 --> 00:03:24,588 семето е нивната срж. 35 00:03:26,050 --> 00:03:28,463 Семето е нашиот живот... 36 00:03:30,970 --> 00:03:35,220 Нашиот опстанок зависи од него. 37 00:03:36,236 --> 00:03:44,885 Садиме семиња за да го пречекаме новиот живот. 38 00:03:44,885 --> 00:03:48,885 Кога едно момче станува маж го опсипуваме со семе. 39 00:03:49,561 --> 00:03:54,907 И кога некој ќе умре, садиме семиња во нивниот гроб. 40 00:03:56,168 --> 00:04:01,014 Семињата не се само за исхрана.... 41 00:04:02,999 --> 00:04:06,510 Тие имаат духовно значење... 42 00:04:06,556 --> 00:04:12,546 Ги употребуваме кога изведуваме ритуали. 43 00:04:25,854 --> 00:04:31,083 Разновидноста на нашите предци се пренесе на нивното семе, а со тоа и на нивните земјоделски култури. 44 00:04:31,729 --> 00:04:36,388 Долго пред Дарвин да ја сподели својата теорија за еволуција по пат на природна селекција, 45 00:04:36,388 --> 00:04:40,119 мажи и жени ширум светот го практикуваа тој ист процес: 46 00:04:40,734 --> 00:04:44,805 повторно засејување на семиња кои најдобро се приспособиле кон нивната конкретна околина 47 00:04:44,805 --> 00:04:49,004 и на тој начин, станале дел од процесот на еволуционерна промена. 48 00:04:49,512 --> 00:04:52,617 Во центарот на оваа промена беше семето 49 00:04:52,848 --> 00:04:55,890 кое секоја година одново се жнеело 50 00:04:55,890 --> 00:04:59,196 и можело да се складира, сподели и вкрсти. 51 00:04:59,673 --> 00:05:04,330 Ние сме наследници на оваа богата, глобална биолошка разновиснот. 52 00:05:05,238 --> 00:05:12,857 Колку повеќе гледаме на семето и биолошката разновидност, толку повеќе сфаќаме дека степенот на интелигенција - во самото семе - 53 00:05:12,857 --> 00:05:16,710 и во расплодот кој земјоделците го добиле употребување на семето, 54 00:05:16,710 --> 00:05:20,424 ни го овозможи, не само највисокиот степен на биолошка разновидност, 55 00:05:20,424 --> 00:05:23,381 туку и највисокиот степен на квалитет на храна. 56 00:05:23,381 --> 00:05:25,277 Највисокиот степен на прехрамбена вредност. 57 00:05:26,938 --> 00:05:30,122 Еден посебен вид е недоволен. 58 00:05:30,830 --> 00:05:33,652 Ако го изгубиме тоа и ние сме изгубени. 59 00:05:34,313 --> 00:05:36,959 Земјоделците расплодуваат за издржливост. 60 00:05:36,959 --> 00:05:40,345 Значи тие расплодуваат за соработувачки аранжмани. 61 00:05:40,345 --> 00:05:41,906 Не расплодуваат една култура. 62 00:05:42,568 --> 00:05:45,496 Знаат дека мораат да имаат повеќе култури поради климатските промени. 63 00:05:45,496 --> 00:05:49,321 Тие знаат дека мораат да имаат многу култури бидејќи потребите во исхраната се различни. 64 00:05:51,398 --> 00:05:55,361 Производството на храна според домородните традиции, во поголем дел од човечката историја, 65 00:05:55,361 --> 00:06:00,165 се фокусирало кон унапредување на биолошката разновидност. 66 00:06:20,580 --> 00:06:27,198 ПАТОТ КОН ИНДУСТРИЈАТА 67 00:06:34,275 --> 00:06:38,919 На премин кон 20тиот век, земјоделството започна да се потпира на технологијата; 68 00:06:39,411 --> 00:06:42,835 присилувајќи ги луѓето да преминат од своите поседи во градовите, 69 00:06:42,835 --> 00:06:47,634 каде традиционалните вештини и труд постепено се заменувале со модерна машинерија. 70 00:06:48,126 --> 00:06:51,211 Но кога Европа се заплетка во 2 Светски војни, 71 00:06:51,211 --> 00:06:55,963 хемикалиите произведени за војување се подготвија да го сменат лицето на агрокултурата. 72 00:06:57,301 --> 00:07:02,892 Додека светот беше заклучен во конфликт, се произведуваат нови хемикалии во огромни количини. 73 00:07:03,492 --> 00:07:07,343 И кога се врати мирот, компаниите кои ги произведуваа овие хемикалии 74 00:07:07,343 --> 00:07:11,031 требаа да создадат алтернативни примени на нивните производи. 75 00:07:11,969 --> 00:07:20,018 Со правење на мали измени, експлозивите и нервните гасови се реформулираа во вештачко ѓубриво и пестициди, 76 00:07:20,803 --> 00:07:25,053 и хемиската агрономија го најде својот пат во земјоделството ширум светот. 77 00:07:26,084 --> 00:07:30,738 Денес сѐ се промени... 78 00:07:32,723 --> 00:07:35,500 Нашата почва бара храна.... 79 00:07:35,500 --> 00:07:40,708 Бара различни видови на храна. 80 00:07:40,708 --> 00:07:44,578 Нашите предци никогаш немале потреба од овие хемикалии. 81 00:07:45,840 --> 00:07:48,425 Сега внесуваме премногу хемикалии, 82 00:07:48,779 --> 00:07:53,331 а потребата за истите продолжува да расте, таа не е статична, 83 00:07:53,946 --> 00:07:55,974 и таа потреба никогаш нема да згасне. 84 00:07:55,974 --> 00:08:01,818 Во еден момент нашите почви почнаа да еродираат, да се истрошуваат... 85 00:08:02,033 --> 00:08:05,085 Велиме дека станале „зависници од дрога“. 86 00:08:05,639 --> 00:08:08,658 Тие станаа зависни од овие вештачки ѓубрива. 87 00:08:09,227 --> 00:08:12,434 Доколку се решите да употребите вештачко ѓубриво во текот на една сезона... 88 00:08:13,526 --> 00:08:18,320 Наредната сезона, ќе морате да го употребите истото ѓубриво. Немате избор. 89 00:08:33,443 --> 00:08:36,633 Како што се механизираше земјоделството и се зголеми употребата на хемикалии, 90 00:08:37,202 --> 00:08:40,459 така и приказната за семето ја очекуваше промена. 91 00:08:41,567 --> 00:08:44,756 Природните циклуси на чување и споделување на семиња, 92 00:08:44,756 --> 00:08:47,169 со кои се држеа настрана бизнис интересите, 93 00:08:47,169 --> 00:08:50,839 се соочија со предизвикот на нов пронајдок во одгледувањето на семиња: 94 00:08:50,839 --> 00:08:52,707 Новите хибридни семиња, 95 00:08:53,138 --> 00:09:00,088 со вкрстување на две матилни растенија се доби генетички богата прва генерација на семиња, 96 00:09:00,765 --> 00:09:05,539 кои брзо ја губат својата виталност во втората и третата сезона. 97 00:09:05,877 --> 00:09:09,437 Овој природен процес на хибридно разградување, 98 00:09:09,437 --> 00:09:13,747 значеше дека земјоделците повеќе немаа корист од повторно засадување на нивното семе. 99 00:09:14,316 --> 00:09:17,331 Наместо тоа тие мораа да купуваат ново семе за секоја сезона. 100 00:09:17,869 --> 00:09:23,274 Ова им овозможи на интернационалните корпорации да го приватизираат и контролираат профитот од семето. 101 00:09:23,997 --> 00:09:29,872 Во 1960тите, овие корпорации започнаа глобална распространување на нивните нови семиња, 102 00:09:30,410 --> 00:09:35,948 гледајќи во глобалната агрикултура како на неискористен и високо профитабилен пазар, 103 00:09:35,948 --> 00:09:40,952 тие се насочина кон приватизација на светскиот прехрамбен систем. 104 00:09:41,475 --> 00:09:45,912 Земјоделците ширум светот бргу ги напуштија своите традиционални земјоделски системи; 105 00:09:46,174 --> 00:09:51,526 слепо верувајќи на сонот за поголема продуктивност, помалку труд и повеќе пари. 106 00:09:52,172 --> 00:09:56,798 Монокултурите, како чај и кафе ги заменија домородните културни видови, 107 00:09:57,260 --> 00:10:01,207 и земјоделието за сопствени потреби - со кое преживуваше локалната заедница - 108 00:10:01,592 --> 00:10:06,495 се замени со овие нови монокултури одгледувани за извоз. 109 00:10:08,680 --> 00:10:13,927 Како што се зголеми глобалното производство на храна, традиционалните земјоделци ги заведе овој нов систем, 110 00:10:14,804 --> 00:10:18,356 и покрај тоа што гледаа дека драматично се зголемуваат нивните трошоци на произвоство, 111 00:10:18,787 --> 00:10:24,860 бидејќи секоја нова сезона мораа да купуваат ново семе, вештачки ѓубрива и пестициди. 112 00:10:25,460 --> 00:10:30,583 И тие открија дека нивните нови жетви се дел од непредвидливи интернационални пазари. 113 00:10:31,445 --> 00:10:37,206 Овие земјоделци без да знаат станаа дел од систем кој се покажа како помалку издржлив, 114 00:10:37,206 --> 00:10:40,887 помалку одржлив, поскап и, 115 00:10:40,887 --> 00:10:44,491 на крајот, штетни за нивниот опстанок. 116 00:10:45,122 --> 00:10:49,173 Кога ги садиме овие нови семиња... 117 00:10:49,173 --> 00:10:54,585 Можеме да ги употребиме само една сезона. 118 00:10:54,585 --> 00:10:58,504 Наредната сезона, нема да успеат. 119 00:10:58,504 --> 00:11:04,955 Нашите традиционални жетви се добри за јадење, 120 00:11:04,955 --> 00:11:08,817 додека модерните жетви можат да се извезуваат. 121 00:11:08,817 --> 00:11:12,574 Но не можеме да јадеме кафе. 122 00:11:13,405 --> 00:11:20,810 Што мислите дека се последиците од замената на многубројни, различни видови на култури, 123 00:11:20,810 --> 00:11:25,105 прехрамбени култури, со единечна култура која не може да се јаде? 124 00:11:26,259 --> 00:11:31,753 Мислам дека вистинскиот проблем е дека постои зголемена корпоративна контрола врз семето. 125 00:11:31,753 --> 00:11:35,589 А тоа значи дека многу мал број на луѓе 126 00:11:35,589 --> 00:11:39,783 имаат масивно влијание врз начинот на кој земјоделците ја обработуваат почвата. 127 00:11:40,183 --> 00:11:46,076 Традиционалните практики на чување на семето се сега загрозени бидејќи всушност се бара 128 00:11:46,076 --> 00:11:51,424 да се стави корпоративниот профит пред способноста на земјоделците да се прехранат себе си и нивните заедници. 129 00:11:52,116 --> 00:11:59,530 Ова ново семе има лоши последици. 130 00:11:59,530 --> 00:12:05,060 Мора да го купите... 131 00:12:05,060 --> 00:12:11,955 А потоа не можете да го складирате затоа што се расипува. 132 00:12:11,955 --> 00:12:15,818 Би заштедиле пари доколку се вратиме на нашето старо семе. 133 00:12:21,849 --> 00:12:26,717 Делчињата се поврзани заедно во два испреплетени нишки, 134 00:12:26,717 --> 00:12:30,736 формирајќи структура како долги, спирални скалила. 135 00:12:31,182 --> 00:12:35,056 И во оваа молекула го имате суштинскиот квалитет на живата материја. 136 00:12:35,441 --> 00:12:39,193 Способноста за репродукција, да се направат копии од себе си, 137 00:12:39,516 --> 00:12:42,063 од сите молекули познати на хемијата, 138 00:12:42,063 --> 00:12:45,872 ја имаат само ДНК и нејзините роднини. 139 00:12:45,872 --> 00:12:48,573 КОНТРОЛИРАЊЕ НА СЕМЕТО 140 00:12:48,789 --> 00:12:53,867 Во 1953та, откритието на Вотсон и Крик на двојниот хеликс на молекулата на ДНК, 141 00:12:53,867 --> 00:12:57,825 ја постави сцената за едно од најбрзите напредоци на науката. 142 00:12:58,071 --> 00:13:00,156 Генетичкото Инженерство. 143 00:13:00,156 --> 00:13:05,720 Способноста на пренос на гени помеѓу ќелии, организми и видови, 144 00:13:06,166 --> 00:13:07,992 наскоро стана реалност. 145 00:13:08,577 --> 00:13:12,766 Во агрокултурата, можностите од таквото инженерство беа навидум бесконечни. 146 00:13:12,766 --> 00:13:19,995 Поголем принос, повисока отпорност на суши, подобар вкус и побрзо созревање. 147 00:13:20,488 --> 00:13:26,836 Но појавата на оваа нова технологија беше придружена со жестока дебата за нејзината етика. 148 00:13:27,313 --> 00:13:31,746 Во меѓувреме, најзначајната улога на оваа нова технологија 149 00:13:31,746 --> 00:13:36,339 не се одлучуваше на полето туку во судницата. 150 00:13:37,124 --> 00:13:42,411 „Уставот на САД му дава моќ на Конгресот да донесува закони поврзани со патенти, 151 00:13:42,411 --> 00:13:45,412 кои му доделуваат на сопственикот одредени права за еден изум. 152 00:13:45,889 --> 00:13:56,110 Овие го вклучуваат правото да се спречат другите од правење, употреба, продажба или нудење на продажба на изумот опишан во патентот.“ 153 00:13:56,110 --> 00:14:02,791 Законите за интелектуална сопственост одамна назначија дека патенти можат да се бараат за нови и докажани изуми. 154 00:14:03,529 --> 00:14:10,278 Но во 1995, Светската Трговска Организација предложи радикална промена во интернационалното право. 155 00:14:10,509 --> 00:14:18,129 Под притисок од глобалните корпорации тие одлучија дека микро-организмите и микробиолошките процеси, 156 00:14:18,129 --> 00:14:21,852 кои веќе постојат во природата, можат да се патентираат. 157 00:14:22,606 --> 00:14:28,294 Со овој нов закон, семето може генетички да се модифицира да содржи одредени гени, 158 00:14:28,294 --> 00:14:32,615 кои потоа можат да се патентираат и приватно да се поседуваат. 159 00:14:33,200 --> 00:14:40,658 Во поглед на семето, овој скок, во смисол на права на сопственост на самиот живот, 160 00:14:40,658 --> 00:14:43,011 е најсериозната закана 161 00:14:43,626 --> 00:14:48,664 за семињата на разновидност, семињата на слобода, кои се во рацете на селаните. 162 00:14:49,449 --> 00:14:55,916 Една година подоцна, агро-хемискиот гигант Монсанто ја произведе првата генетички модифицирана (ГМ) култура во Америка: 163 00:14:56,485 --> 00:15:02,115 „Раундап Реди“ соја, која набргу беше проследена со ГМ пченка и канола. 164 00:15:02,977 --> 00:15:07,491 Овие генетички модифицирани семиња содржеа единечна благородна особина, 165 00:15:08,075 --> 00:15:14,156 тие беа специфично создадени да бидат отпорни на отровните ефекти на хемискиот хербицид Раундап, 166 00:15:14,709 --> 00:15:18,538 најпродаваниот хербицид на Монсанто од 1980те. 167 00:15:19,014 --> 00:15:22,919 Со вклучување ген за отпорност кон хербицидот 168 00:15:22,919 --> 00:15:29,102 тие имаат монопол врз хемикалот, како и врз семето кое е венчано со тој хемикал. 169 00:15:29,102 --> 00:15:32,210 Тие се првично хемиски комании но исто така се и компании за семе. 170 00:15:32,210 --> 00:15:37,120 Ако го контролирате семето го контролирате и профитот од храната. 171 00:15:37,751 --> 00:15:40,521 Создавате монопол кога сте снабдувачи на семиња, 172 00:15:40,521 --> 00:15:44,605 кои се модифицирани за отпорност кон пестицидот употребуван на тие семиња. 173 00:15:44,605 --> 00:15:48,345 Добиениот нето-ефект е огромен пораст во употребата на пестициди, 174 00:15:48,345 --> 00:15:50,801 нешто против кое требаше да се бори ГМ. 175 00:15:51,463 --> 00:15:57,781 Дваесет години по појавата на ГМ на нашите пазари, ветувањата за ранo научно истражување остануваат неисполнети. 176 00:15:58,150 --> 00:16:02,565 Технологијата „Раундап-Реди“ доминира на ГМ пазарот во Америка. 177 00:16:02,780 --> 00:16:06,166 И сега приказната за семето ќе се врати во судницата 178 00:16:06,412 --> 00:16:10,486 кога целосните последици од законот за патенти ќе му станат јасни на светот. 179 00:16:12,594 --> 00:16:17,325 Никогаш нема да заборавам моментот кога со жена ми излеговме низ оваа влезна врата, 180 00:16:17,325 --> 00:16:25,791 таа се сврте и рече „Го молам Господ да имам покрив над глава кога вечерва ќе се вратам дома.“ 181 00:16:25,791 --> 00:16:28,541 Толку блиску бевме да изгубиме сѐ. 182 00:16:28,541 --> 00:16:30,292 Сѐ ставивме на ризик, 183 00:16:31,323 --> 00:16:34,933 и жал ми е за земјоделците кои ја немаа таа можност, 184 00:16:34,933 --> 00:16:37,928 и ги изгубија своите фарми, стотици од нив. 185 00:16:38,681 --> 00:16:45,758 Канадскиот земјоделец, Перси Шмајзер, одгледува канола, и 50 години го чува и обработува семето. 186 00:16:46,112 --> 00:16:51,931 Но во 1998, кај дел од неговото семе се најдоа траги од патентираниот „Раундап“ ген. 187 00:16:52,700 --> 00:16:57,953 Без разлика дали ќе се пренесе од соседното поле, со поленација од ветерот или пчелите, 188 00:16:58,307 --> 00:17:02,060 доколку се случи тоа, повеќе нема да ги поседувате своите семиња, своите растенија, 189 00:17:02,060 --> 00:17:06,013 затоа што тие, според законот за патенти, веднаш стануваат сопственост на корпорацијата. 190 00:17:06,905 --> 00:17:10,762 Перси беше донесен пред Канадскиот федерален суд поради прекршување на законите за патенти. 191 00:17:11,377 --> 00:17:15,105 Неговата одбрана, дека присуството на ГМ е случајно, 192 00:17:15,105 --> 00:17:20,007 беше одбиена од страна на судот и во 2000 тој беше прогласен за виновен. 193 00:17:20,576 --> 00:17:24,837 Немаа доказ дека сме се снабдиле со нивното семе или дека сме го купиле истото, 194 00:17:24,837 --> 00:17:28,760 но тврдеа дека штом нашите соседи го одгледувале нивното семе и го контаминирале нашето - 195 00:17:28,760 --> 00:17:30,385 не сме смееле да го употребуваме тоа семе. 196 00:17:30,385 --> 00:17:31,562 Требало да знаеме. 197 00:17:31,713 --> 00:17:35,126 А тоа е апсолутно невозможно. 198 00:17:35,126 --> 00:17:38,676 Канола семето без разлика дали е генетички модифицирано или не, или е органско, 199 00:17:38,676 --> 00:17:41,775 изгледа сосема идентично, освен ако не направите ДНК анализа. 200 00:17:42,513 --> 00:17:49,832 До денес, над 140 американски земјоделци се тужени за прекршување на интелектуалната сопственост на семето. 201 00:17:51,032 --> 00:17:55,401 А илјадници повеќе биле под истрага за таканаречената „пиратерија на семе“. 202 00:17:56,170 --> 00:17:57,834 Што треба да се прави со семето? 203 00:17:57,834 --> 00:18:02,884 Семето треба да се сади, размножува, употребува, приспособува, итн. 204 00:18:02,884 --> 00:18:05,966 А тоа е токму она што не е дозволено во корпоративниот ум. 205 00:18:05,966 --> 00:18:08,732 Корпорациите ни го продаваат семето, или ни дава лиценца 206 00:18:08,732 --> 00:18:12,554 за употреба на семето на специфичен начин, начин кој тие го назначуваат. Точка. 207 00:18:12,554 --> 00:18:15,477 Со контролирање на семето, вие го контролирате земјоделецот. 208 00:18:15,477 --> 00:18:19,254 Со контролирање на земјоделецот, вие го контролирате целиот прехрамбен систем. 209 00:18:19,639 --> 00:18:22,401 Тоа е наследството што ни го остави генетиката во земјоделието. 210 00:18:23,263 --> 00:18:26,856 Денес, ГМ пазарот се прошири вон границите на Северна Америка, 211 00:18:26,856 --> 00:18:32,915 и се втемели во Аргентина, Парагвај, Бразил, а сега и во Индија. 212 00:18:33,899 --> 00:18:39,072 Додека ГМ индустријата тврди дека го зголемува приносот и ги подобрува животите, 213 00:18:39,364 --> 00:18:44,286 сѐ повеќе земјоделци пријавуваат нови и неочекувани проблеми. 214 00:18:44,994 --> 00:18:48,914 Во Индиската држава, Гуџарат, стотици илјади земјоделци, 215 00:18:48,914 --> 00:18:51,831 наведени да одгледуваат генетички модифициран БТ памук, 216 00:18:51,831 --> 00:18:55,086 - култура која произведува сопствен пестицид - 217 00:18:55,086 --> 00:19:00,446 пронајдоа дека со тек на време, штетниците развиле своја отпорност кон културата. 218 00:19:01,384 --> 00:19:07,364 Појавата на овие „супер-штетници“ ги присили земјоделците да употребуваат уште посилни пестициди. 219 00:19:08,010 --> 00:19:14,483 Наместо контрола врз штетниците и плевелот, добивате супер-штетници и супер плевел. 220 00:19:14,483 --> 00:19:20,591 Значи, дури и во тесниот домен на контрола врз плевелот и штетниците, технологијата нѐ разочарува. 221 00:19:21,806 --> 00:19:26,229 Со постојаниот пораст на цените на семето, ѓубривата и пестицидите, 222 00:19:26,813 --> 00:19:30,250 многу од земјоделците се турнати во неконтролирана дупка на долгови. 223 00:19:30,742 --> 00:19:36,530 Ширењето на ГМ памукот е поврзано со трагичен пораст на самоубиства на Индиските земјоделци. 224 00:19:41,453 --> 00:19:46,360 Во Аргентина, илјадници мали земјоделци беа приморани да ги напуштат своите земјишта, 225 00:19:46,945 --> 00:19:51,669 поради неможност да се натпреваруваат економски со високо механизираните монокултурни фарми. 226 00:19:52,961 --> 00:19:59,185 Многу од земјоделците кои не употребуваат ГМ семе не можеа да спречат пренос на „Раундап“ хербицидот од соседните ниви 227 00:19:59,739 --> 00:20:03,872 и беа сведоци на пропаста на нивните жетви и опстанок. 228 00:20:04,426 --> 00:20:11,369 А со масовното заминување на земјоделците од своите земјишта, уште повеќе се намали биолошката разновидност на фармите. 229 00:20:11,861 --> 00:20:18,360 Традиционалните земјоделски култури се заменија со други. Употребата на хербициди драматично се зголеми. 230 00:20:18,360 --> 00:20:24,515 И тешко стекнатото знаење и земјоделски системи се турнаа настрана. 231 00:20:24,515 --> 00:20:27,242 Со губитокот на разновидноста се губи и безбедноста. 232 00:20:27,657 --> 00:20:34,837 Затоа што разновидноста е синоним на безбедност. Таа значи подобрена егзистенција. 233 00:20:35,022 --> 00:20:39,435 Таа значи подобрена нутрициска вредност. Значи подобрена поделба на трудот. 234 00:20:39,681 --> 00:20:42,048 Сѐ ова се губи поради една култура. 235 00:20:43,125 --> 00:20:47,130 Мора да разбереме дека разновидноста значи опстанок. 236 00:20:47,560 --> 00:20:50,748 Разновидноста значи способност за понатамошно производство. 237 00:20:51,410 --> 00:20:53,223 Способност за продолжување на земјоделството. 238 00:20:54,238 --> 00:20:59,677 Важно е да разбереме дека без тоа ние едноставно нема да можеме 239 00:20:59,677 --> 00:21:04,818 да ја произведуваме храната која ни е потребна, ако дозволиме понатамошно уништување на овој вид на разновидност. 240 00:21:16,249 --> 00:21:22,549 Зад глобалното буткање на ГМ, и неговата појава во нови држави во Африка, Азија и Јужна Америка, 241 00:21:23,334 --> 00:21:26,434 стои една порака како поткрепа на нејзиниот напредок. 242 00:21:27,480 --> 00:21:34,337 Фактот дека земјите во развој се борат со сиромаштија и со глад, 243 00:21:34,875 --> 00:21:39,220 но ГМ може да им ја промени нивната лоша среќа. 244 00:21:39,959 --> 00:21:43,995 Тамошните сиромашни земјоделци не се ефикасни и работат со старо семе, 245 00:21:43,995 --> 00:21:49,769 и тие треба да станат попродуктивни и тогаш проблемот со гладот низ светот ќе се реши. 246 00:21:50,492 --> 00:21:54,207 Таа порака воопшто не се заснова на факти. 247 00:21:54,637 --> 00:21:57,326 Ние сме загрижени за прегладнетите луѓе во Африка. 248 00:21:57,818 --> 00:21:59,854 Загрижени сме за прегладнетите луѓе во Азија. 249 00:21:59,854 --> 00:22:01,648 Ајде да бидеме грубо директни. 250 00:22:02,340 --> 00:22:08,783 Се заснова на долната линија, на финансиските интереси на овие компании. 251 00:22:09,091 --> 00:22:14,559 Не се работи за никаква општествено-продуховена цел. 252 00:22:15,867 --> 00:22:17,297 Значи тоа нема никаква врска со хранење на светот. 253 00:22:17,297 --> 00:22:20,740 Нема никаква врска со решавање на некои од овие огромни проблеми со кои се соочуваме денес. 254 00:22:20,740 --> 00:22:23,929 Се работи за контрола на прехрамбениот секот, на прехрамбената индустрија. 255 00:22:24,698 --> 00:22:30,427 Во реалност, сѐ е поврзано со контрола: да се спречат земјоделците 256 00:22:30,427 --> 00:22:33,392 во имањето сопствено семе, 257 00:22:33,392 --> 00:22:35,743 а во исто време... 258 00:22:35,743 --> 00:22:39,767 ...да се искорени независното производство на храна. 259 00:22:39,767 --> 00:22:44,584 Корпорациите сакаат контролата врз производството на храна... 260 00:22:44,584 --> 00:22:47,153 ... да биде во рацете на неколкумина. 261 00:22:48,461 --> 00:22:55,127 Затоа што генетичкото инженерство потекнува од старата агро-хемиска индустрија, 262 00:22:55,589 --> 00:23:00,263 која е заинтересирана за задржување на својата агро-хемиска продажба на хербициди и пестициди, 263 00:23:00,355 --> 00:23:04,555 со напоредно воспоставување на монопол врз семето - 264 00:23:04,555 --> 00:23:10,918 затоа генетското инженерство отиде во целосно погрешна насока во поглед на агрокултурата. 265 00:23:14,210 --> 00:23:21,020 Денес, семето и агро-хемиската индустрија е во главно под контрола на неколку клучни компании: 266 00:23:21,666 --> 00:23:25,821 Корпорации за хибридно семе како Дупонт, Сингента; 267 00:23:26,683 --> 00:23:30,351 агро-хемиски компании како Бајер и БАСФ; 268 00:23:31,336 --> 00:23:33,710 и ГМ гигантот, Монсанто. 269 00:23:34,372 --> 00:23:41,430 Во овој концентриран центар на моќ се наоѓа не само масивниот профит од производството на семе, 270 00:23:41,984 --> 00:23:45,013 туку и донесувањето на одлуки и поставувањето на агенди, 271 00:23:45,444 --> 00:23:50,778 кои на подолг план ќе го воспостават наследството на нашиот глобален агрокултурен систем. 272 00:23:51,501 --> 00:23:58,604 Во оваа иднина, земјоделските култури и разновидноста на семето ќе се фрли во историска корпа за отпадоци, 273 00:23:59,650 --> 00:24:03,781 по цена која само што почнуваме да ја разбираме. 274 00:24:06,735 --> 00:24:09,508 Закопај ја раката во почвата, 275 00:24:09,508 --> 00:24:11,658 допри ја маката и тагата 276 00:24:11,658 --> 00:24:14,844 во почвата од која парите никогаш не растат 277 00:24:14,844 --> 00:24:16,785 од тоа што го позајмив. 278 00:24:16,785 --> 00:24:20,653 Копај надолу и речи ми каде е моето семе на утрешницата. 279 00:24:20,653 --> 00:24:25,069 Закопај ја раката долу во почвата. 280 00:24:25,330 --> 00:24:27,312 СЕМЕ НА НАДЕЖ 281 00:24:29,635 --> 00:24:34,208 Агро-хемиската и ГМ индустријата тврдат дека малото 282 00:24:34,208 --> 00:24:39,006 агро-еколошко земјоделство е застарено и неефикасно. 283 00:24:40,391 --> 00:24:45,156 Но реалноста е дека и покрај немилосрдните притисоци со кои се соочуваат, 284 00:24:45,541 --> 00:24:50,688 токму овие земјоделци хранат 70% од светското население. 285 00:24:52,011 --> 00:24:59,076 Овие традиционални земјоделски системи искористуваат помало земјиште, помалку вода и помалку ресурси. 286 00:24:59,568 --> 00:25:05,216 Тие одгледуваат здрава и нутрициски богата храна и негуваат поголема разновидност на културите. 287 00:25:06,278 --> 00:25:10,183 Ја заштитуваат почвата, водата и еко-системите. 288 00:25:10,445 --> 00:25:14,654 И се покажуваат за поизджливи во пресрет на климатските промени. 289 00:25:15,485 --> 00:25:21,582 Токму овие земјоделски методи можат да ни го покажат патот кон вистинска прехрамбена безбедност. 290 00:25:23,012 --> 00:25:29,522 Еколошките системи: локализираните, биолошки разновидните, се оние кои навистина нудат 291 00:25:29,522 --> 00:25:34,756 храна, прехрана, здравје и радост на јадење кај локалните заедници. 292 00:25:34,756 --> 00:25:37,710 Треба да го де-централизираме нашиот прехрамбен систем, 293 00:25:37,710 --> 00:25:43,011 и доколку го направиме тоа, треба да ги де-централизираме залихите со семе. 294 00:25:43,011 --> 00:25:47,618 Суверенитетот на семето мора да стане од централно значење за суверенитетот на храната. 295 00:25:48,002 --> 00:25:51,172 Не сме ги изгубиле нашите семиња. 296 00:25:51,172 --> 00:25:55,719 Проблемот e дека тие исчезнуваат. 297 00:25:55,719 --> 00:26:00,183 Сеуште можеме да ги вратиме назад. 298 00:26:00,183 --> 00:26:02,757 Тие се сеуште таму. 299 00:26:02,757 --> 00:26:09,197 Ако не ја искористиме оваа можност, ќе го изгубиме семето и ќе ја изгубиме иднината. 300 00:26:09,889 --> 00:26:12,802 Иднината на сите нас, иднината на нашите деца. 301 00:26:13,710 --> 00:26:18,536 Затоа, земјоделци од целиот свет се здружуваат и се борат за суверенитет на храната, 302 00:26:18,936 --> 00:26:22,296 правото на луѓето да произведуваат своја културна храна. 303 00:26:22,619 --> 00:26:31,393 Кога ја обработувам својата домородна храна... 304 00:26:31,393 --> 00:26:36,070 Знам со сигурност дека ќе имам жетва. 305 00:26:36,070 --> 00:26:40,333 И со тоа знам дека моите деца ќе јадат. 306 00:26:43,318 --> 00:26:50,330 Мислам дека јавноста не смее да ја потцени својата потенцијална моќ доколку се одлучат да ја употребат. 307 00:26:50,623 --> 00:26:54,903 Кој би помислил дека Мурдок и Нјуз Корп можеше да се победат 308 00:26:54,903 --> 00:26:57,457 со едноставно чувство на бес. 309 00:26:58,934 --> 00:27:03,087 Сметам дека доколку имаме поголема јавна дебата за тоа какви видови на агрокултура сакаме, 310 00:27:03,087 --> 00:27:07,450 наспроти оние видови на практики и техники на големите корпорации на семе, 311 00:27:07,450 --> 00:27:12,004 можеби би се здобиле со исто количество на бес, а на подолг план и систем 312 00:27:12,004 --> 00:27:14,677 кој е подобар за луѓето и за планетата. 313 00:27:16,954 --> 00:27:21,350 Кога ќе погледнеме на начините на нашите предци 314 00:27:21,350 --> 00:27:27,282 ќе пронајдеме како да го вратиме она што е уништено. 315 00:27:44,420 --> 00:27:49,224 Наратор: Џереми Ајронс 316 00:27:49,224 --> 00:27:52,420 Не заборавајте дека секој пат кога пазарувате го давате својот глас за прехрамбениот систем. 317 00:27:52,420 --> 00:27:57,759 Купувајте локална, органска и сезонска храна и дадете поддршка на земјоделците, пазарите и независните продавници. 318 00:27:58,067 --> 00:28:02,440 Посетете ја интернет страницата за да дознаете повеќе за суверенитетот на храната, движењата и кампањите кон кои можете да се приклучите и да ги поддржите 319 00:28:02,440 --> 00:28:04,484 www.seedsoffreedom.info 320 00:28:05,040 --> 00:28:08,740 За крај, Ви благодариме што одвоивте време да го погледнете "Семе на Слободата" 321 00:28:08,740 --> 00:28:13,934 А сега Ве замолуваме да засеете семе на промена со споделување на овој филм насекаде. 322 00:28:13,934 --> 00:28:19,079 Филм на: The Gaia Foundation & The Afrivan Biodiversity Network (ABN) 323 00:28:19,079 --> 00:28:20,716 Во соработка со: 324 00:28:20,716 --> 00:28:25,421 MELCA Етиопија, GRAIN International & Navdanya International 325 00:28:25,606 --> 00:28:29,047 Посебна благодарност до: 326 00:28:29,047 --> 00:28:38,058 Д-р. Мелаку Вореде, Д-р Вандана Шива, Коралин Лукас, Зак Голдсмит МР, Џон Видал, Рамон Херера, Хенк Хобелинк, Лиз Хоскен, Куми Наиду, Перси Шмајзер, Гатуру Мбуру, КМпателени Макаулуле, Тимот на Гаја Фондацијата, Флорина Тудосе, Џејсон Тејлор и Проектот „Извор“ 327 00:28:38,089 --> 00:28:43,248 И посебна благодарност до земјоделските заедници кои ја оживуваат разновидноста на нивното семе и традициите за да ја подобрат биолошката разновидност и сувереноста на храната, 328 00:28:43,248 --> 00:28:51,111 заедниците на Воло во Етиопија, и особено Махамед и Ајалнеш, Водач Вутанда од Венда, Јужна Африка, Норман од Карима во Кенија, Џозеф од Кива во Кенија, Агнес од Кива во Кенија. 329 00:28:51,111 --> 00:28:52,584 Благодарност за поддршката од: 330 00:28:52,615 --> 00:28:57,821 Родик Фондација, Фондот „Кристенсен“, Фондација Свифт, Сведбио, Норад 331 00:28:57,821 --> 00:28:58,866 Архивски материјал: 332 00:28:58,866 --> 00:29:04,381 Гринпис Интернешнл, Технички Центар за Агрокултурна и Рурална Соработка (ACP-EU, CTA), Пријатели на Земјата, Прелинџер Архива 333 00:29:04,381 --> 00:29:09,516 Камера: Џес Филмор, Џејсон Тејлор, Дамијан Престиж 334 00:29:09,516 --> 00:29:14,328 Дополнителна камера: Ричард Декалие, Џошуа Бејкер, Хозе Марија Нориега 335 00:29:14,328 --> 00:29:19,417 Графички дизајн: Камила Карденоса 336 00:29:19,417 --> 00:29:24,357 Звук: Џеј Харис 337 00:29:24,357 --> 00:29:28,552 Филм на: Џес Филмор 338 00:29:29,312 --> 00:29:33,202 Хозе Луценбергер: 1926 - 2002 339 00:29:34,018 --> 00:29:42,153 Поминаа десет години од смртта на Хозе Луценбергер, познат како татко на Бразилското еколошко движење. 340 00:29:42,153 --> 00:29:52,161 Го посветуваме овој филм на бескрајната одлучност и страст во посочувањето на фактот дека социјалната правда и еколошката разумност се две страни на иста монета. 341 00:29:55,269 --> 00:30:02,494 „Здрава цивилизација може да биде само онаа која се вклопува и вклучува во севкупноста на животот, подобрувајќи а не уништувајќи го истиот. 342 00:30:02,494 --> 00:30:06,906 Хозе Луценбергер 343 00:30:06,906 --> 00:30:13,000 2012