WEBVTT 00:00:00.172 --> 00:00:03.990 Интернетот ни дава слобода да разговараме со пријателите, да твориме уметност, 00:00:03.990 --> 00:00:09.430 да почнеме со свој бизнис или да говориме против нашите влади, сето тоа во претходно невидени размери. 00:00:09.430 --> 00:00:10.981 Тоа не е случајно. 00:00:10.997 --> 00:00:13.395 Дизајнот на Интернет произлегува од отворената афирмативна дискусија 00:00:13.395 --> 00:00:16.437 на глобалната заедница на научници и инжинери, 00:00:16.437 --> 00:00:19.688 па немаше притисок од горе за негово затварање. NOTE Paragraph 00:00:19.688 --> 00:00:23.396 Сепак, сега едно меѓународно тело контролирано од владите во светот се обидува 00:00:23.396 --> 00:00:27.834 да стане новиот простор каде ќе се одлучува за иднината на Интернетот. 00:00:27.834 --> 00:00:31.559 Тоа тело е Меѓународната унија за телекомуникации (или ITU). 00:00:31.559 --> 00:00:34.556 Така, во декември, владите на светот ќе се состанат за да одлучат дали 00:00:34.556 --> 00:00:38.529 да го прошират нејзиниот мандат да носи значајни одлуки за мрежата. 00:00:38.529 --> 00:00:42.439 ITU може да претставува опасност за слободата на изразувањето онлајн насекаде во светот. 00:00:42.439 --> 00:00:44.887 Еве зошто. Да почнеме со основното. 00:00:44.887 --> 00:00:48.001 Интернетот не е ничија сопственост. 00:00:48.001 --> 00:00:51.586 Се работи за збир од независни мрежи од целиот свет. Секој може да си изгради своја мрежа. 00:00:51.586 --> 00:00:56.106 Заедничките стандарди на кои е изграден Интернетот произлегуваат од отворените онлајн дискусии, 00:00:56.106 --> 00:01:00.417 а не од приоритетите на една одредена влада или компанија. 00:01:00.417 --> 00:01:02.962 А сега, да се запознаеме со ITU! 00:01:02.962 --> 00:01:08.478 Како прво, ITU е навистина старо тело. Многу постаро од CD-то или телефонот со ротациски бројчаник, 00:01:08.478 --> 00:01:11.689 старо колку и телеграфот, како Морзеовиот код. 00:01:11.689 --> 00:01:15.875 На основањето во 1865 година, беше наречено Меѓународна унија за телеграфија. 00:01:15.875 --> 00:01:20.680 За разлика од Интернетот, ITU не е изградена на отворена дискусија помеѓу научниците и инжинерите. 00:01:20.680 --> 00:01:23.460 Напротив, само владите имаат право на глас во ITU. 00:01:23.460 --> 00:01:26.710 А гласањете се одвива зад затворени врати. 00:01:26.710 --> 00:01:31.412 Ако владите успеат да и обезбедат на Унијата поголеми овластувања да олучуваат за Интернетот, ќе добиеме 00:01:31.412 --> 00:01:34.874 старомодна, хиерархиски поставена, владо-центрична организација 00:01:34.874 --> 00:01:37.392 што ќе го замени отвореното управување од доле нагоре 00:01:37.392 --> 00:01:40.128 што му овозможи на Интернет да го менува светот. 00:01:40.128 --> 00:01:42.319 Тоа е само почетокот на нашите проблеми. 00:01:42.319 --> 00:01:45.162 ITU не е транспарентна организација. 00:01:45.162 --> 00:01:52.662 Нацрт-предлозите на ITU не се јавни, а моделот „една држава - еден глас“ ја резервира моќта за владите. 00:01:52.662 --> 00:01:57.945 Тие можат да носат одлуки за нашиот интернет, без воопшто да знаеме за што расправале, 00:01:57.945 --> 00:02:00.763 а нас само ќе не известат каква одлука е донесена. 00:02:00.763 --> 00:02:04.328 Какви одлуки ќе бидат разгледувани на состанокот на ITU во декември? 00:02:04.328 --> 00:02:06.762 Еве неколку предлози што протекоа во јавноста: 00:02:06.762 --> 00:02:11.287 прекин на пристапот до Интернет поради неколку преопшто дефинирани причини; 00:02:11.287 --> 00:02:14.124 повреда на меѓународните норми за човековите права; 00:02:14.124 --> 00:02:19.764 давање поголеми овластувања на владите за следење и регулирање на сообраќајот на интернет; 00:02:19.764 --> 00:02:23.281 дефиниција на „спам“ пораките што е толку широка што оправдува блокирање на што било, 00:02:23.281 --> 00:02:26.724 од фотографии на симпатични мачиња до кампањи за човековите права. 00:02:26.724 --> 00:02:30.663 Има и нови правила за наплата на компензација од провајдерите на онлајн содржини за нивниот пристап до корисниците, 00:02:30.663 --> 00:02:36.112 што може да доведе до тоа помалку содржини да стигнат до земјите во развој, и до блокирање на сајтовите што не платиле. 00:02:36.112 --> 00:02:40.177 А сега најстрашното: државите што најсилно притискаат за контрола на ITU 00:02:40.177 --> 00:02:43.913 се истите оние држави што агресивно го цензурираат интернетот. 00:02:43.913 --> 00:02:48.602 Во Русија, ако направите YouTube видео против владата, можете да добиете затворска казна до две години. 00:02:48.602 --> 00:02:51.763 Во Кина не можете ни да им пристапите на најголемиот број сајтови на социјалните медиуми. 00:02:51.763 --> 00:02:59.310 Иран се обидува да изгради своја сопствена интернет и е-маил мрежа, за да го држи целото население под контрола. 00:02:59.310 --> 00:03:01.757 Од друга страна, ITU прави и добри дела: 00:03:01.757 --> 00:03:06.938 Унијата помага во воспоставувањето на телекомуникациски мрежи и ширење на широкопојасните брзи конекции во земјите во развој. 00:03:06.938 --> 00:03:09.746 А постоечкиот систем на управување со интернет е далеку од совршен. 00:03:09.746 --> 00:03:13.464 САД имаат преголемо влијание и овластувања на тоа поле. 00:03:13.464 --> 00:03:16.254 Сепак, тие проблеми мора да ги решиме на начин што ќе ги зачува 00:03:16.254 --> 00:03:19.393 отвореноста, прагматичноста и управувањето оддолу нагоре 00:03:19.393 --> 00:03:22.326 што го прават Интернет толку добра работа. 00:03:22.326 --> 00:03:27.179 Во декември, нашите влади ќе се состанат да ги донесат конечните одлуки за иднината на Интернет. 00:03:27.179 --> 00:03:30.481 Останува на нас, на корисниците на Интернет во сите земји на светот, 00:03:30.481 --> 00:03:33.587 да им кажеме да застанат во одбрана на отворениот Интернет. 00:03:33.587 --> 00:03:39.002 Ако сите што ќе го погледаат ова видео проговорат гласно и ги контактираат своите влади, постои шанса да победиме. 00:03:39.002 --> 00:03:40.434 Помогнете ни да го споделиме ова видео 00:03:40.434 --> 00:03:42.615 и посетете го овој сајт за да проговорите 00:03:42.615 --> 00:03:44.972 и да ја контактирата вашата влада веднаш! 00:03:44.972 --> 00:03:48.286 Да го искористиме глобалниот досег на интернет за да го одбраниме! 00:03:48.286 --> 00:03:56.441 Побарајте од вашите водачи да се спротивстават на пренесувањето на овластувањата за клучните одлуки што се однесуваат на интернет на ITU.