1 00:00:00,172 --> 00:00:03,990 Интернетот ни дава слобода да разговараме со пријателите, да твориме уметност, 2 00:00:03,990 --> 00:00:09,430 да почнеме со свој бизнис или да говориме против нашите влади, сето тоа во претходно невидени размери. 3 00:00:09,430 --> 00:00:10,981 Тоа не е случајно. 4 00:00:10,997 --> 00:00:13,395 Дизајнот на Интернет произлегува од отворената афирмативна дискусија 5 00:00:13,395 --> 00:00:16,437 на глобалната заедница на научници и инжинери, 6 00:00:16,437 --> 00:00:19,688 па немаше притисок од горе за негово затварање. 7 00:00:19,688 --> 00:00:23,396 Сепак, сега едно меѓународно тело контролирано од владите во светот се обидува 8 00:00:23,396 --> 00:00:27,834 да стане новиот простор каде ќе се одлучува за иднината на Интернетот. 9 00:00:27,834 --> 00:00:31,559 Тоа тело е Меѓународната унија за телекомуникации (или ITU). 10 00:00:31,559 --> 00:00:34,556 Така, во декември, владите на светот ќе се состанат за да одлучат дали 11 00:00:34,556 --> 00:00:38,529 да го прошират нејзиниот мандат да носи значајни одлуки за мрежата. 12 00:00:38,529 --> 00:00:42,439 ITU може да претставува опасност за слободата на изразувањето онлајн насекаде во светот. 13 00:00:42,439 --> 00:00:44,887 Еве зошто. Да почнеме со основното. 14 00:00:44,887 --> 00:00:48,001 Интернетот не е ничија сопственост. 15 00:00:48,001 --> 00:00:51,586 Се работи за збир од независни мрежи од целиот свет. Секој може да си изгради своја мрежа. 16 00:00:51,586 --> 00:00:56,106 Заедничките стандарди на кои е изграден Интернетот произлегуваат од отворените онлајн дискусии, 17 00:00:56,106 --> 00:01:00,417 а не од приоритетите на една одредена влада или компанија. 18 00:01:00,417 --> 00:01:02,962 А сега, да се запознаеме со ITU! 19 00:01:02,962 --> 00:01:08,478 Како прво, ITU е навистина старо тело. Многу постаро од CD-то или телефонот со ротациски бројчаник, 20 00:01:08,478 --> 00:01:11,689 старо колку и телеграфот, како Морзеовиот код. 21 00:01:11,689 --> 00:01:15,875 На основањето во 1865 година, беше наречено Меѓународна унија за телеграфија. 22 00:01:15,875 --> 00:01:20,680 За разлика од Интернетот, ITU не е изградена на отворена дискусија помеѓу научниците и инжинерите. 23 00:01:20,680 --> 00:01:23,460 Напротив, само владите имаат право на глас во ITU. 24 00:01:23,460 --> 00:01:26,710 А гласањете се одвива зад затворени врати. 25 00:01:26,710 --> 00:01:31,412 Ако владите успеат да и обезбедат на Унијата поголеми овластувања да олучуваат за Интернетот, ќе добиеме 26 00:01:31,412 --> 00:01:34,874 старомодна, хиерархиски поставена, владо-центрична организација 27 00:01:34,874 --> 00:01:37,392 што ќе го замени отвореното управување од доле нагоре 28 00:01:37,392 --> 00:01:40,128 што му овозможи на Интернет да го менува светот. 29 00:01:40,128 --> 00:01:42,319 Тоа е само почетокот на нашите проблеми. 30 00:01:42,319 --> 00:01:45,162 ITU не е транспарентна организација. 31 00:01:45,162 --> 00:01:52,662 Нацрт-предлозите на ITU не се јавни, а моделот „една држава - еден глас“ ја резервира моќта за владите. 32 00:01:52,662 --> 00:01:57,945 Тие можат да носат одлуки за нашиот интернет, без воопшто да знаеме за што расправале, 33 00:01:57,945 --> 00:02:00,763 а нас само ќе не известат каква одлука е донесена. 34 00:02:00,763 --> 00:02:04,328 Какви одлуки ќе бидат разгледувани на состанокот на ITU во декември? 35 00:02:04,328 --> 00:02:06,762 Еве неколку предлози што протекоа во јавноста: 36 00:02:06,762 --> 00:02:11,287 прекин на пристапот до Интернет поради неколку преопшто дефинирани причини; 37 00:02:11,287 --> 00:02:14,124 повреда на меѓународните норми за човековите права; 38 00:02:14,124 --> 00:02:19,764 давање поголеми овластувања на владите за следење и регулирање на сообраќајот на интернет; 39 00:02:19,764 --> 00:02:23,281 дефиниција на „спам“ пораките што е толку широка што оправдува блокирање на што било, 40 00:02:23,281 --> 00:02:26,724 од фотографии на симпатични мачиња до кампањи за човековите права. 41 00:02:26,724 --> 00:02:30,663 Има и нови правила за наплата на компензација од провајдерите на онлајн содржини за нивниот пристап до корисниците, 42 00:02:30,663 --> 00:02:36,112 што може да доведе до тоа помалку содржини да стигнат до земјите во развој, и до блокирање на сајтовите што не платиле. 43 00:02:36,112 --> 00:02:40,177 А сега најстрашното: државите што најсилно притискаат за контрола на ITU 44 00:02:40,177 --> 00:02:43,913 се истите оние држави што агресивно го цензурираат интернетот. 45 00:02:43,913 --> 00:02:48,602 Во Русија, ако направите YouTube видео против владата, можете да добиете затворска казна до две години. 46 00:02:48,602 --> 00:02:51,763 Во Кина не можете ни да им пристапите на најголемиот број сајтови на социјалните медиуми. 47 00:02:51,763 --> 00:02:59,310 Иран се обидува да изгради своја сопствена интернет и е-маил мрежа, за да го држи целото население под контрола. 48 00:02:59,310 --> 00:03:01,757 Од друга страна, ITU прави и добри дела: 49 00:03:01,757 --> 00:03:06,938 Унијата помага во воспоставувањето на телекомуникациски мрежи и ширење на широкопојасните брзи конекции во земјите во развој. 50 00:03:06,938 --> 00:03:09,746 А постоечкиот систем на управување со интернет е далеку од совршен. 51 00:03:09,746 --> 00:03:13,464 САД имаат преголемо влијание и овластувања на тоа поле. 52 00:03:13,464 --> 00:03:16,254 Сепак, тие проблеми мора да ги решиме на начин што ќе ги зачува 53 00:03:16,254 --> 00:03:19,393 отвореноста, прагматичноста и управувањето оддолу нагоре 54 00:03:19,393 --> 00:03:22,326 што го прават Интернет толку добра работа. 55 00:03:22,326 --> 00:03:27,179 Во декември, нашите влади ќе се состанат да ги донесат конечните одлуки за иднината на Интернет. 56 00:03:27,179 --> 00:03:30,481 Останува на нас, на корисниците на Интернет во сите земји на светот, 57 00:03:30,481 --> 00:03:33,587 да им кажеме да застанат во одбрана на отворениот Интернет. 58 00:03:33,587 --> 00:03:39,002 Ако сите што ќе го погледаат ова видео проговорат гласно и ги контактираат своите влади, постои шанса да победиме. 59 00:03:39,002 --> 00:03:40,434 Помогнете ни да го споделиме ова видео 60 00:03:40,434 --> 00:03:42,615 и посетете го овој сајт за да проговорите 61 00:03:42,615 --> 00:03:44,972 и да ја контактирата вашата влада веднаш! 62 00:03:44,972 --> 00:03:48,286 Да го искористиме глобалниот досег на интернет за да го одбраниме! 63 00:03:48,286 --> 00:03:56,441 Побарајте од вашите водачи да се спротивстават на пренесувањето на овластувањата за клучните одлуки што се однесуваат на интернет на ITU.