0:00:00.172,0:00:03.990 Интернетот ни дава слобода да разговараме со пријателите, да твориме уметност, 0:00:03.990,0:00:09.430 да почнеме со свој бизнис или да говориме против нашите влади, сето тоа во претходно невидени размери. 0:00:09.430,0:00:10.981 Тоа не е случајно. 0:00:10.997,0:00:13.395 Дизајнот на Интернет произлегува од отворената афирмативна дискусија 0:00:13.395,0:00:16.437 на глобалната заедница на научници и инжинери, 0:00:16.437,0:00:19.688 па немаше притисок од горе за негово затварање. 0:00:19.688,0:00:23.396 Сепак, сега едно меѓународно тело контролирано од владите во светот се обидува 0:00:23.396,0:00:27.834 да стане новиот простор каде ќе се одлучува за иднината на Интернетот. 0:00:27.834,0:00:31.559 Тоа тело е Меѓународната унија за телекомуникации (или ITU). 0:00:31.559,0:00:34.556 Така, во декември, владите на светот ќе се состанат за да одлучат дали 0:00:34.556,0:00:38.529 да го прошират нејзиниот мандат да носи значајни одлуки за мрежата. 0:00:38.529,0:00:42.439 ITU може да претставува опасност за слободата на изразувањето онлајн насекаде во светот. 0:00:42.439,0:00:44.887 Еве зошто. Да почнеме со основното. 0:00:44.887,0:00:48.001 Интернетот не е ничија сопственост. 0:00:48.001,0:00:51.586 Се работи за збир од независни мрежи од целиот свет. Секој може да си изгради своја мрежа. 0:00:51.586,0:00:56.106 Заедничките стандарди на кои е изграден Интернетот произлегуваат од отворените онлајн дискусии, 0:00:56.106,0:01:00.417 а не од приоритетите на една одредена влада или компанија. 0:01:00.417,0:01:02.962 А сега, да се запознаеме со ITU! 0:01:02.962,0:01:08.478 Како прво, ITU е навистина старо тело. Многу постаро од CD-то или телефонот со ротациски бројчаник, 0:01:08.478,0:01:11.689 старо колку и телеграфот, како Морзеовиот код. 0:01:11.689,0:01:15.875 На основањето во 1865 година, беше наречено Меѓународна унија за телеграфија. 0:01:15.875,0:01:20.680 За разлика од Интернетот, ITU не е изградена на отворена дискусија помеѓу научниците и инжинерите. 0:01:20.680,0:01:23.460 Напротив, само владите имаат право на глас во ITU. 0:01:23.460,0:01:26.710 А гласањете се одвива зад затворени врати. 0:01:26.710,0:01:31.412 Ако владите успеат да и обезбедат на Унијата поголеми овластувања да олучуваат за Интернетот, ќе добиеме 0:01:31.412,0:01:34.874 старомодна, хиерархиски поставена, владо-центрична организација 0:01:34.874,0:01:37.392 што ќе го замени отвореното управување од доле нагоре 0:01:37.392,0:01:40.128 што му овозможи на Интернет да го менува светот. 0:01:40.128,0:01:42.319 Тоа е само почетокот на нашите проблеми. 0:01:42.319,0:01:45.162 ITU не е транспарентна организација. 0:01:45.162,0:01:52.662 Нацрт-предлозите на ITU не се јавни, а моделот „една држава - еден глас“ ја резервира моќта за владите. 0:01:52.662,0:01:57.945 Тие можат да носат одлуки за нашиот интернет, без воопшто да знаеме за што расправале, 0:01:57.945,0:02:00.763 а нас само ќе не известат каква одлука е донесена. 0:02:00.763,0:02:04.328 Какви одлуки ќе бидат разгледувани на состанокот на ITU во декември? 0:02:04.328,0:02:06.762 Еве неколку предлози што протекоа во јавноста: 0:02:06.762,0:02:11.287 прекин на пристапот до Интернет поради неколку преопшто дефинирани причини; 0:02:11.287,0:02:14.124 повреда на меѓународните норми за човековите права; 0:02:14.124,0:02:19.764 давање поголеми овластувања на владите за следење и регулирање на сообраќајот на интернет; 0:02:19.764,0:02:23.281 дефиниција на „спам“ пораките што е толку широка што оправдува блокирање на што било, 0:02:23.281,0:02:26.724 од фотографии на симпатични мачиња до кампањи за човековите права. 0:02:26.724,0:02:30.663 Има и нови правила за наплата на компензација од провајдерите на онлајн содржини за нивниот пристап до корисниците, 0:02:30.663,0:02:36.112 што може да доведе до тоа помалку содржини да стигнат до земјите во развој, и до блокирање на сајтовите што не платиле. 0:02:36.112,0:02:40.177 А сега најстрашното: државите што најсилно притискаат за контрола на ITU 0:02:40.177,0:02:43.913 се истите оние држави што агресивно го цензурираат интернетот. 0:02:43.913,0:02:48.602 Во Русија, ако направите YouTube видео против владата, можете да добиете затворска казна до две години. 0:02:48.602,0:02:51.763 Во Кина не можете ни да им пристапите на најголемиот број сајтови на социјалните медиуми. 0:02:51.763,0:02:59.310 Иран се обидува да изгради своја сопствена интернет и е-маил мрежа, за да го држи целото население под контрола. 0:02:59.310,0:03:01.757 Од друга страна, ITU прави и добри дела: 0:03:01.757,0:03:06.938 Унијата помага во воспоставувањето на телекомуникациски мрежи и ширење на широкопојасните брзи конекции во земјите во развој. 0:03:06.938,0:03:09.746 А постоечкиот систем на управување со интернет е далеку од совршен. 0:03:09.746,0:03:13.464 САД имаат преголемо влијание и овластувања на тоа поле. 0:03:13.464,0:03:16.254 Сепак, тие проблеми мора да ги решиме на начин што ќе ги зачува 0:03:16.254,0:03:19.393 отвореноста, прагматичноста и управувањето оддолу нагоре 0:03:19.393,0:03:22.326 што го прават Интернет толку добра работа. 0:03:22.326,0:03:27.179 Во декември, нашите влади ќе се состанат да ги донесат конечните одлуки за иднината на Интернет. 0:03:27.179,0:03:30.481 Останува на нас, на корисниците на Интернет во сите земји на светот, 0:03:30.481,0:03:33.587 да им кажеме да застанат во одбрана на отворениот Интернет. 0:03:33.587,0:03:39.002 Ако сите што ќе го погледаат ова видео проговорат гласно и ги контактираат своите влади, постои шанса да победиме. 0:03:39.002,0:03:40.434 Помогнете ни да го споделиме ова видео 0:03:40.434,0:03:42.615 и посетете го овој сајт за да проговорите 0:03:42.615,0:03:44.972 и да ја контактирата вашата влада веднаш! 0:03:44.972,0:03:48.286 Да го искористиме глобалниот досег на интернет за да го одбраниме! 0:03:48.286,0:03:56.441 Побарајте од вашите водачи да се спротивстават на пренесувањето на овластувањата за клучните одлуки што се однесуваат на интернет на ITU.